Голем чекор во неврологијата: Научниците создадоа мозочен ИМПЛАНТ кој ги преведува мислите во зборови

Американските научници создадоа мал имплант кој може да ги преведе мислите во разбирлив говор. Ова откритие ќе им помогне на луѓето кои ја изгубиле способноста да зборуваат по мозочен удар или други невролошки заболувања.
Досега оваа технологија бараше гломазна опрема, но сега, благодарение на мал имплант со големина на поштенска марка, луѓето повторно ќе можат да комуницираат. Овој нервен интерфејс има потенцијал да ја врати способноста за комуникација со брзина до 150 зборови во минута, што е речиси двојно повеќе од можностите на постоечките уреди.

 

 

Научниот проект вклучуваше употреба на 256 микроскопски сензори на медицинска пластика поставена на површината на мозокот. Овие импланти беа тестирани на четворица волонтери кои испуштаа низа звуци додека уредот ја снимаше мозочната активност.

Користејќи податоци од сензорот, научниците тренираа алгоритам за машинско учење за да ги препознава мозочните сигнали, постигнувајќи стапка на идентификација од 84% за некои звуци. Сепак, просечната точност на препознавање беше 40%, што сè уште не е идеално, но е важен чекор кон одлични резултати.

Научниците планираат да ја продолжат својата работа за подобрување на точноста и ефикасноста на оваа технологија за во иднина да може да им помогне на повеќе луѓе кои се соочуваат со губење на говорот поради различни невролошки состојби.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *