Норвешки политичар фатен како краде сирење од супермаркет, а реакциите на граѓаните навистина изненадуваат

Поранешниот лидер на норвешката радикална левичарска партија, 41-годишниот Бјорнар Мокснес, веќе се најде на насловните страници минатото лето кога ги украде очилата за сонце Boss на меѓународниот аеродром во Осло. По тој инцидент тој ја загуби функцијата претседател на партијата, но остана член на собраниската комисија за надворешни работи и одбрана.

Овој пратеник во норвешкиот парламент не дава интервјуа за печатот, веројатно затоа што е засрамен. Но, за новинарите од норвешкото издание VG направи исклучок. Покрај тоа, постои причина. Сега политичарот е обвинет за најмалку пет кражби од 24-часовен супермаркет.

Мокснес, како и за време на минатиот скандал, рече дека тоа е порадиздравствени причини: „Многу ми е тешко да си признаам себеси и на другите дека имам проблеми со менталното здравје. Но, сакам и треба да направам нешто околу тоа. Веќе добивам помош. Лично имав тешки години кои доведоа до самоуништувачко однесување“.

 

Минатиот петок политичарот веќе беше сослушан во полиција: бидејќи сите кражби биле полесни и ниту една стока не чинела повеќе од 50 евра, тој ќе мора да плати само казна од 1264 евра. Како што пишува изданието, станува збор главно за кражба на сирење. „

„Многу ми е жал што разочарав многу луѓе и што тоа се вмеша во важната работа што ја работи нашата партија…“, напиша Мокснес на Фејсбук.

 

Лидерот на партијата Мари Снев Мартинусен искрено го поддржа својот колега во неговото покајание: „Ова е сериозно прашање. Важно е сега отворено и искрено да зборува за тоа и да бара помош што му е потребна“.

Под неговата објава има повеќе од 400 коментари. Речиси сите се позитивни, со срца и желби за здравје. Мнозинството корисници кои одговорија на објавата на политичарот му се заблагодаруваат за неговата отвореност.

Можете ли да замислите какви би биле реакциите ако наш политичар краде сирење и ни каже дека има проблеми со менталното здравје?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *