Пинк ќе подели 2.000 копии забранети лектири на нејзините концерти во Мајами, откако Флорида планира да ги отстрани од училиштата

Пинк се здружи со Пен Америка – група за застапување за слободно изразување – за да подари 2.000 забранети книги на нејзините концерти во Јужна Флорида.

Пејачката одлучи на ваков начин да го покаже своето мислење во врска со расправијата за отстранување на одредени книги од библиотеките и училниците во Флоридија.

 

Властите на Флорида тврдат дека не забрануваат книги, туку блокираат несоодветен и штетен материјал.

Во видеото со Pen America, пејачката го означи овој потег како „збунувачки“ и „цензура“.

„Јас сум незаситна читателка, а јас сум мајка на две деца кои исто така се незаситни читатели. И не можам да ги замислам моите родители да ми кажуваат што моите деца можат и што не можат да читаат, а камоли туѓи родители. Камо ли некој друг кој нема ни деца да одлучува што можат да читаат моите деца“.

 

ПЕН Америка тврди дека Флорида забранила повеќе книги од која било друга држава во САД, што сочинува 40% од документираните забранети дела.

„Книгите ми беа посебна радост уште од времето кога бев дете, и затоа не сум подготвена да стојам и да гледам додека книгите се забранети од училиштата. Посебно е навистина лошо да се види како властите ги забрануваат книгите за расата и расизмот и оние од ЛГБТК авторите и обоените. Направивме толку многу чекори кон еднаквост во оваа земја и никој не треба да сака да го види овој напредок обратен“. – рече Пинк.

 

На присутните на концертот на Пинк во Мајами и Санрајс, Флорида на нејзината турнеја Trustfall, ќе им бидат врачени книгите што се појавија во Индексот на забранети книги на Pen America.

Додека Министерството за образование во Флорида тврди дека „не забранува книги“, гувернерот Рон ДеСантис го означи тврдењето како „измама“.

Во писмената изјава претходно од почетокот на оваа година, тој рече: „Флорида е образовна држава и тоа значи да им се обезбеди на студентите квалитетно образование без сексуализација и штетни материјали кои не се соодветни за возраста. Откривањето на измамата „забрана на книги“ е важно бидејќи открива дека некои се обидуваат да ги користат нашите училишта за индоктринација. Во Флорида, порнографските и несоодветните материјали што се прикрадени во нашите училници и библиотеки за да ги сексуализираат нашите ученици ги прекршуваат нашите државни образовни стандарди“.

 

 

Мани Дијаз Џуниор, комесар за образование на Флорида го сподели следново: „Учениците треба да го поминуваат своето време во училиште учејќи ги основните академски предмети, а не да бидат принудени да се хранат со пол и сексуална идеологија“.

Книги кои Пинк ќе ги дели на концертот:

„Beloved“ од Тони Морисон

Романот од 1987 година, добитник на Пулицерова награда, детално го прикажува теророт и долгогодишното ропство. Тоа е „забрането“ во девет школски области во Флорида.

„The Family Book“ од Тод Пар

Сликовницата за деца ги едуцира младите за различните начини на кои може да изгледа едно семејство. Во него има и истополова двојка. Забранет е во три училишни области на Флорида.

„The Hill We Climb“ од Аманда Горман

Поемата напишана за инаугурацијата на претседателот Џо Бајден беше земена од основна библиотека во училиште во Мајами и ставена во дел за постари ученици.

„Girls Who Code“ од Решма Сауџани

Преполна со динамични уметнички дела, приземни објаснувања за принципите на кодирање и реални приказни за девојки и жени кои работат на места како Пиксар и НАСА, оваа графички анимирана книга покажува каква огромна улога игра компјутерската наука во нашите животи и колку забавно може да биде.

Овој роман, наводно, бил привремено забранет во 2022 година од училишна област во Пенсилванија. Сепак, книгата моментално не се појавува на Индексот на забранети книги на Пен Америка

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *