Жена отишла на фризер за да си направи фризура, но го напуштила салонот со екстремен изглед на косата. Коментарите на видеото само повеќе ја „зачинуваат“ ситуацијата

Една жена привлече вирално внимание откако сподели катастрофално искуство од фризер, којшто за прв пат го посетила. На „TikTok“, таа го прикажа резултатот, претворајќи ја несреќата во хумористичен и широко споделен клип. А јаготката на шлагот се урнебесните коментари на луѓето.

 

Комичарката Меги Хјуз ДеПало од Чикаго се нашла во прилично непријатна ситуација откако била крајно разочарана од нејзината фризура. Таа се обрати на социјалните мрежи за да го сподели своето искуство со видео на „TikTok“.

„Минатиот петок бев вклучена во многу несреќна ситуација“, започна таа. „Отидов во салон за да ми ја средат косата. Никогаш порано не сум била во тој салон, така што навистина не ја знаев нивната работа“.

 

„Во еден момент, мојата глава беше многу надолу, а кога погледнав нагоре и видов, некој друг истураше бел прав врз мојата коса. Жената која првично го правеше тоа сега одеднаш почна да продава чанти, се се случуваше таму“, објасни таа.

Таа веднаш се разочарала од резултатите, но се плашела да проговори за тоа и на крајот си заминала со екстремен изглед. „Тоа не беше точно она што го очекував, но премногу се плашев да го побарам менаџерот“, се пошегува Меги.

“Каде отиде? Во 80-тите?“
„Дали прашокот сам нарасна како брашно???“
„Тоа не е Боб, тоа е ЦЕЛ РОБЕРТ“
„Тоа не беше фен за коса што користеле, туку дувалка за лисја“
„Никогаш не треба да се плашите да пријавите кривично дело. Секогаш зборувај. Биди храбра“.

  • Sase напиша:

    WTF! IS HAPPENING WITH YOUR HAIR HIHIIIIII
    I’M SORRY FOR YOU 😔
    HIHIIIII HIHIII 😂😂😂

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *