Полицијата уапсила човек кој украл 126 пара апостолки поради бизарна причина
Полицијата од Нонтабури, централен Тајланд одеднаш почнала да прима многу повици од изреволтирани граѓани кои им велеле дека им ги украле апостолките од пред врата.
По кратка истрага полицијата открила дека крадецот е 24-годишниот Терафат Клаија. Но, причината поради која апостолките биле украдени е она што ги шокирало полицајците.
Терафат Клаија бил идентификуван со помош на надзорна камера од еден од домовите од пред кои украл пар апостолки. Тој признал дека ги украл апостолките затоа што сакал да ги носи по дома бидејќи тоа се*суално го возбудува. Тој ги гушкал и бакнувал влечките, ги триел по телото, а потоа имал се*с со нив.
Терафат изјавил дека отако ќе заврши „финалниот процес“ тој пар апостолки не го возбудуваат повеќе и излегувал за да бара нов пар за повторно да го помине истиот процес.
Полицијата вели дека огромната колекција на Терафат вклучувала апостолки од најразлични брендови и големини. Човекот бил одвинет за три работи: кражба, поседување дигитален примопредавател без дозвола и нарушување на полицискиот час. Ова не му е прво дело на Терафат, кој минатата година крадел апостолки во друг дистрикт.