ИКЕА им ја исполнила желбата на 700 Муслимани од Германија за молитва со социјална дистанца
Поради полицискиот час и препораките за социјално дистанцирање и забрани за групирање, верниците од сите религии ширум светот не можеа да си дозволат да прослават одредени празници. Сепак на Муслиманите од Германија им дошла идеја како на безбеден и совесен начин да ја испочитуваат својата религија.
Настанот беше организиран од Исламската заедница Мили Горуш, кои дошле до идеја за молитва со социјално дистанцирање. Тие се обратиле до властите со молба доколку можат да им пронајдат простор каде што ќе може да се изведе молитвата, но да бидат преземени и безбедносни мерки. Во организацијата била вклучена и полицијата и сѐ поминало во најдобар ред, а се молеле околу 700 луѓе.
„Би сакале да изразиме благодарност до полицијата во Вецлар, регулаторната канцеларија Вецлар, до ИКЕА Вецлар и другите што ја направија можна оваа вонредна молитва“, им се заблагодари заедницата во објава на Фејсбук.