„Лани бев да лизгам на мраз и ме исфрлија затоа што една жена се пожали на мојот изглед, многу ми било КРАТКО здолништето- оваа година повторно ќе одам така облечена!“

Жена која била избркана од лизгалиштето во „Зимската земја на чудата“ поради нејзиното „несоодветно“ здолниште, вети дека ќе се врати назад во истата облека оваа година.

Лоури Роуз (24) вели дека нејзината посета на туристичката атракција во Кардиф во декември 2022 година била „целосно уништена“ кога друга посетителка се пожалила на нејзината „несоодветна“ облека. Моделот на „OnlyFans“ била облечена во скратен бел џемпер, карирано мини здолниште и чорапи до колена за нејзиното свечено вечерно излегување со пријателите. Под нејзиното здолниште, Лоури носела светло-кафеави шорцеви со спандекс затоа што планирала да оди на лизгање на мраз таа вечер.

 

 

 

Лоури рече дека планира повторно да ја облече истата облеката кога повторно ќе го посети фестивалот оваа година, бидејќи „животот е премногу краток за да носи здодевна облека“.
Таа објасни: „Ќе одам повторно за да облечам мини здолниште“.

Ѕвездата на социјалните мрежи – која може да се пофали со 118.000 следбеници на „Инстаграм“ – вели дека секојдневно се облекува во мини здолништа и сака да „докаже поента“ со тоа што повторно ќе го носи.

Сепак, ова не било прв пат облеката на Лоури да предизвика проблеми во јавноста. Инсистирајќи на тоа дека не треба да ја прилагодува својата гардероба, Лоури вели дека луѓето кои се соочуваат со проблеми со нејзиниот „луд стил“ имаат „проблеми со самите себе“. Во тоа време, Лоури вели дека „не е во ред“ што била отстранета од лизгалиштето бидејќи немало код за облекување наведен на нивната веб-страница.

 

 

 

Пожалувајќи се за инцидентот на „Твитер“, Лоури инсистираше на тоа дека нејзината облека „целосно ја покривало кадешто треба“.

„Ако клиентката се пожали поради тоа како изгледам, зарем не треба да ѝ се каже дека не е во ред да издвоите така некого? Не е невообичаено да се носи здолниште во петок навечер во центарот на градот. Знам дека ова се должи на тоа како изгледам (покриена сум со тетоважи)“.

 

  

Откако ја тргнале од лизгалиштето, Лоури тврди дека персоналот и рекол дека ќе треба да се покрие со капут ако сака повторно да лизга на мразот. Сепак, ѕвездата на социјалните мрежи вели дека не треба така да се случува затоа што платила за тоа.

Инсистирајќи дека нејзината облека не е „невообичаена“, Лоури побара целосно враќање на парите и извинување од паркот.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *