„Имав свадба од моите соништа на тема „KFC“ – со букет од пржено пилешко, замислете!“
„Имав свадба од соништата на тема „KFC“!!” вели Лејнг Ле Вонг (32) од Сингапур, во нејзината објава на „Фејсбук“.

„Навистина е кул да го имам @KFC_SG на мојот посебен ден“, рече невестата, која размени завети со својот сопруг Кси Пенг (40) на 26 ноември, додавајќи: „Благодарение на ова тоа стана уникатен и супер незаборавен ден“.
Пред нејзината вкусна венчавка, Вонг, непоколеблив фанатик на „KFC“, наводно испратила е-пошта до ресторанот за пилешко, надевајќи се дека компанијата ќе и подари подарок за нејзината свадба.

Но, кога ресторанот дознал за инвалидитетот на Вонг, еден локален менаџер одлучил да направи повеќе од едноставно праќање обичен оброк.

Менаџерот на ресторанот ја платил сметката за половина од свадбената храна и обезбедил празнични украси за пречекот.
На интернет, Вонг дури сподели снимка на која се гледа како го фрла својот букет од крцкави копанчиња наместо бидермаер.

Коментирај анонимно