„Го пробав SKIMS градинкот со брадавици на Ким Кардашијан и можам да кажам не е за жени колку што е ЗА МАЖИ“

„Можеби затоа што имам големи гради па на еден господин поминувајќи на улица му светнаа очите. Но, можеби моите брадавици му го привлекоа окото, иако всушност, тие не се мои. Тие се само копчиња од пена, вградени во мојот градник, затоа што го носам Ultimate Nipple Bra од Skims, модниот бренд основан од риалити телевизискиот тајкун Ким Кардашијан“.

Саманта Реа вака го почнува своето „патешествие“ со магичниот градник.

 

Во реклама на Инстаграм, Ким Кардашијан објасни: „Воведувам сосема нов градник со вградена брадавица. Така, колку и да е топло, секогаш ќе изгледате ладно. Некои денови се тешки. Но, овие брадавици се поцврсти. И за разлика од ледените брегови, овие не одат никаде“.

 

Сепак кој го купува овој градник?

„Веб-страницата Skims вели дека е распродадена во секоја големина и секоја боја. Кој ги купил сите овие градници со брадавици?!! Дали навистина се распродадоа? Или ова беше ПР трик?“

„Осврнувајќи се на eBay, најдов на продажба три градници Skims Nipple, од кои ниту еден не беше моја големина, па го избрав најблиското вклопување и се надевав на најдоброто.

Градникот чинеше двојно повеќе од цената на веб-страницата Skims, плус испорака од САД.

 

Но како што го облеков овој моден бестселер се уверив дека изгледам добро и тргнав на прошетка и тест. Па како што уживав во топло чоколадо во едно кафуле, приметив дека еден господин ужива во глетката. Потоа излегов и наидов на тезга со цвеќиња, и додека разгледував дојде еден полицаец за да го предупреди човекот со тезгата дека е поставен на лошо место. И ќе му пише казна ако не се помрдне. Но, кога сликаше како се поставил не верувам дека ја сликаше само тезгата, туку нешто друго му го привлече вниманието.

 

Потоа како што одев по улицата со многу мажи со кои се одминав дефинитивно фокусот им бегаше од улицата накај мене. Кога дојдов дома споделив фотографии на социјалните мрежи само што не споменав дека носам градник со брадавици. А резултатот беше дека многу мажи не забележаа дека не се вистински, само беа воодушевени од мојот изглед.

„Дали некој не ти кажа дека е непристојно да ги покажуваш?“ праша еден дечко

„Моето око се залепи за екранот“

„Дали беше студен ден?“ праша друг.

И прашањето е зошто тогаш некоја жена би го купила овој градник за веднаш кај мажите да ги предизвика овие реакции? А одговорот е еден, ЗА ВНИМАНИЕ.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *