Две девојки се пронајдени живи по цели 19 дена откако се изгубиле во националниот парк Кахуранги во Нов Зеланд

Џесика О’Конор и Дион Рејнолдс и двете 23-годишни девојки решиле да пешачат низ националниот парк Кахуранги во Нов Зеланд. Тие на нивното патување тргнале на 8-ми мај и планирале да се задржат најмногу 6 дена, а спакувале храна само за една недела.

Сепак работите не се одвивале според планираното. Девојките се изгубиле во маглата, а наскоро и двете претрпеле помали повреди поради пад.

Наредникот за пребарување и спасување, Малком Јорк изјавил дека Џесика и Дион се изгубиле „прилично рано во авантурата“, но успеале да преживеат затоа што ја направиле „вистинската работа“.

„Тие останале на едно место и поставиле сигнали за да бидат видливи. Значи, кога дојдовме до тоа место, можевме да ги видиме. Прилично е далеку од било кое место… неверојатно е што добивме толку добар резултат со оглед на локацијата.“

Девојките на 7-миот ден останале без вода и имале среќа што пронашле поток од каде што пиеле вода. Сепак тие без храна преживеале 13 дена. За нив била организирана голема потрага и хеликоптерот го забележал чадот од нивното огниште и така биле пронајдени. Девојките веднаш биле пренесени во болница.

Се вели дека и Џесика и Дион се во добра здравствена состојба и се здобиле со полесни телесни повреди. Џесика го повредила грбот, додека Дион го повредила глуждот. И двете веднаш ги прегрнале своите спасувачи, а Џесика станала многу емотивна. Дион изјавила дека веднаш прославила со своите семејство во болницата со пица.