Во регионот на Алпите, за умните деца доаѓа Дедо Мраз, а за неумните Крампус
Според фолклорните традиции на алпските региони, Крампус, ѕверски демон. Крампусот е придружник на Свети Никола. Го има во Баварија, Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Италија и Чешка.
Традиционално, младите мажи се маскираат како Крампус во првите две недели од декември. Особено вечерта на 5 декември, пред денот на Свети Никола, шетаат по улиците и ги плашат децата (и возрасните) со ‘рѓосани ѕвона и синџири. Идејата зад ова е дека звуците ги исплашат злите духови кои се присутни околу средината на зимата. Крампусите влегуваат и во домовите. Додека Дедо Мраз им дели подароци на добрите деца, Крампус е закана за казна за непослушните деца. Ги камшикува или ги става во џеб, по што непослушните деца ги носи во шума.

Abe ne se normalni…
Na dete ovie da mu izlezat….
Cel zivot strav….
Коментирај анонимно