Позната пејачка од Перу сакаше да ги изненади своите фанови со играње на шипка, но падна со лицето на под: „Тоа беше еден од најголемите стравови во мојот живот!“

Облечена во секси облека и чевли со висока платформа, перуанската изведувачка Лесли Шо се надеваше дека ќе ги покаже своите способности за танцување на шипка во видео за своите фанови. Но, иако таа е вешта во тоа, се чини дека не е мајстор за мебел и столарија.

 

 

 

Блондинката, која е ѕвезда во Лима, на 4 декември вежбала трик на шипката, користејќи го својот држач што го поставила самостојно, за потоа набрзо да падне со лицето директно во нејзиниот дрвен под.

 

Но, и покрај нејзината агонија, Шо, која има 3,3 милиони следбеници на „Инстаграм“, успеа да ја преврти косата и да ја намести камерата за да може да продолжи да се снима како се витка на подот и моли за помош.

 

 

„Во понеделникот вечерта го доживеав еден од најголемите стравови во мојот живот, бидејќи секое попладне секогаш танцувам на шипката што ја имам во мојата дневна соба“, напиша таа во објавата која собра 83.000 лајкови за само еден ден.

„Откако се вртев неколку минути, започнував ново снимање и вртејќи се паднав“, додаде таа. „Болката во десното рамо и раката беше интензивна“.
Според локалните медиуми, Шо не е сериозно повредена и се опоравува дома.

 

 

 

Додека некои обожаватели брзаа да ја поддржат, нарекувајќи ја „незапирлива“ и силна, други ја критикуваа за снимањето на ужасното искушение.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *