Ве носиме на прошетка во најголемиот приватен авион во светот наречен „Летечки замок“

Доколку не сакате да летате со Визер, овој луксузен Боинг 747-8 можеби ќе ви биде посоодветен. Така наместо да се стегате во едно седиште, ќе можете да се ширите во неколку пространи дневни и трпезарии, како и неколку спални соби, вклучително и главен апартман.

Целиот ентериер е луксузен, изработен од висококвалитетни материјали, а спалните соби имаат и сопствена бања, покриени со огледала и опремени со дрвен мебел и златна облога. Златните скалила водат од главната спална соба до главната дневна соба со полици за книги, уметнички дела на ѕидовите и кадифени софи за одмор на долгите летови.

Иако авионот има многу простор, тој не штеди на стил. Материјали како што е егзотичното дрво може да се најдат насекаде, а целата кабина има осветлување контролирано со екран на допир за секогаш да го рефлектира расположението.

Авионот е во сопственост на тајкунот од Хонгконг, Џозеф Лау, чие богатство се проценува на повеќе од 10 милијарди евра, а го стекнал градејќи згради во Кина.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *