„Изглумив итен случај за да ја тестирам посветеноста на моето момче, но не очекував работите да отидат до таму“

Не е невообичаено партнерите да се тестираат едни со други. Може да варира од проверка на телефонот на вашето момче кога тој е отсутен, до создавање друг профил, до тестирање на лојалноста на вашата девојка. Тешко е да одолеете на тестирањето на љубовта на партнерот, но таквата одлука навистина може да има спротивен резултат.

 

„Направив огромна грешка во мојата врска и страв ми е дека нема да можам да ги поправам работите. Се чувствувам виновно и се каам за одлуката да го тестирам дечко ми.

Еднаш се одлучив да проверам дали навистина дечко ми ме сака и е доволно посветен за да ми биде сопруг. Една вечер му пишав „Брајан мислам дека умирам“. Потоа му се јавив и му реков „Не можам да дишам, сама сум, брзата помош доцни. Те молам не ме оставај сама“. Тој се обиде да ме смири и рече дека ќе дојде најбрзо што може. Гласот му трепереше и беше многу исплашен.

Дојде кај мене. Јас му отворив и тој виде дека сум во ред. Изгледаше збунет. Му признав дека ја тестирав неговата посветеност. Тој го покри лицето со рацете и почна тешко да дише. Се стутка и за малку ќе заплачеше. Потоа ме погледна и ми рече „Дали си луда? Не сакам да те видам никогаш повеќе!“
Тој ми кажа дека за малку ќе направел сообраќајка брзајќи накај мене.

После овој инцидент, тој престана да зборува со мене и ги игнорира сите мои обиди за комуникација. Уништена сум и не сакам да го изгубам. Што да правам?“