Англичанецот мисли дека западот е наопаку и еве зошто. Се сложувате?
„Порано ги слушавме нашите политичари и се смеевме на комедијантите. Сега се смееме на политичарите, а ги слушаме комедијантите. Медиумите треба да ни ја пренесуваат вистината и фактите, и врз основа на тие факти и вистини ние да оформиме наше мислење. Е сега не ни ги пренесуваат фактите повеќе, туку ни го пренесуваат НИВНОТО мислење, а ние како популација треба да размислиме што од тоа што кажуваат е всушност вистина, а што не е. Кога ќе ги погледнете даноците. Плаќаме огромни суми на даноци, посебно после војната, а квалитетот на нашиот живот е многу опаднат. И не зборувам за после пандемијата, затоа што тоа е многу лесно да се оправда. Но постојано праќаме помош хуманитарна помош на земји како на пример Индија, кои се доволно богати да можат да си дозволат да пратат нешто на Месечината. Додека кај нас луѓето не можат да си дозволат покрив на главата, не можат да си дозволат да ги загреат домовите, не можат да си дозволат храна колку што им е потребна. И ова се луѓе кои имаат добри работни позиции.
Но станува полошо. Ние како општество треба да сме заедно, да помагаме и да се обидеме да направиме подобро општество заедно. Но, се што правиме ние постојано се делиме, на се помали и помали групи и потоа се учиме како да се мразиме едни со други.
Дали ова го збунува и некој друг или само мене? Затоа што јас не разбирам“.

Коментирај анонимно