Кои се најповолните дестинации за дигиталните номади оваа година? 9 од нив се во Азија, а 1 во соседството
И покрај барањата на компаниите за враќање на работа во канцелариите, работата на далечина е во подем и да ги преобликува градовите ширум светот.
Експертите во „Nomad List„, база на податоци за работници од далечина, ги рангираа најбрзо растечките центри за работа на далечина со анализа на речиси 300.000 чекирања на нивната база на податоци во последните две години.
Иако жариштата како Валенсија, Шпанија и Сардинија, Италија, им ја олеснија работата на дигиталните номади во странство, ниту еден европски град не се најде на листата.
Всушност, поголемиот дел од најбрзорастечките центри за работа на далечина се наоѓаат во Азија. Единствениот исклучок? Уругвајскиот главен град Монтевидео, кој се рангираше на 6-то место.

Бр. 1 најбрзорастечки центар за работа на далечина: Токио, Јапонија
Токио го зазеде првото место како најбрзо растечка дестинација за дигитални номади.
Градот забележа пораст од 67% на дигиталните номади од 2018 до 2022 година. Главниот град на Јапонија забележа пораст од 369% на работниците од далечина само минатата година.
Иако Јапонија во моментов нема дигитална номадска виза, земјата има аранжман за ослободување од визи со 70 земји и региони што им овозможува на посетителите да останат до 90 дена, според Министерството за надворешни работи на Јапонија.
Трошоците за живот во Токио се за 47,9% поевтини отколку во Њујорк без кирија, според „Numbeo“. Покрај пониските трошоци за живот, градот им нуди и на дигиталните номади можност да работат во една од најголемите урбани економии во светот, според „Блумберг“.
Од 2023 година, Токио е дом на 29 „Fortune 500“ компании, победувајќи ги 16-те во Њујорк.
Треба да се напомене дека Јапонија ги отвори своите граници само во октомври 2022 година, откако во голема мера ги затвори за надворешни лица за време на пандемијата.

1.Токио, Јапонија
2.Да Нанг, Виетнам
3. Сеул, Јужна Кореја
4. Куала Лумпур, Малезија
5. Пенанг, Малезија
6. Монтевидео, Уругвај
7. Манила, Филипини
8. Ханој, Виетнам
9. Хо Ши Мин, Виетнам
10. Љубљана, Словенија
Градот кој се рангираше на второто место беше Да Нанг, Виетнам.
Да Нанг забележа раст од 99% во последните пет години и раст од 107% во 2023 година досега на дигиталните номади. Граѓаните на речиси 200 земји, вклучително и САД, можат лесно да аплицираат за онлајн туристички визи и да бидат во Виетнам до 90 дена.
Да Нанг е петти по големина град во Виетнам и нуди бесплатен „Wi-Fi“ во централното градско подрачје. Крајбрежниот град во централен Виетнам е познат по своите песочни плажи и се смета за еден од најпогодни за живеење градови во земјата.

Градот е исто така во близина на познатиот Златен мост, пешачки мост дизајниран да изгледа како огромни камени раце да го држат горе.
Сеул, Јужна Кореја е рангиран како трета најбрзо растечка дестинација за дигитални номади.
Тој е најголемиот град во земјата и е центар за големи технолошки компании како „Samsung“, „Hyundai“ и „LG“.

Според „Economist Intelligence Unit“ за 2023 година, Сеул е еден од најпогодните градови за живеење во Азија и на посетителите им нуди брз интернет и јавен „Wi-Fi“ на многу места. Според „Numbeo“, Сеул е 27,4% поевтин од Њујорк без кирија.
Исто како и градовите кои ги рангираа бр. 1 и бр. 2, Сеул им нуди на граѓаните на САД можност да останат во Јужна Кореја до 90 дена без виза.

Коментирај анонимно