Еве кој бил непослушен оваа година: „Јас сум мајка од Австралија и оваа година го „поделив“ мојот сопруг со 16 жени. Не можам да се наситам колку ми е забавно“

Ох, Хани…

Хани Брукс, која живее во рурална Австралија, работи така што се снима и се фотографира низ фармата додека е гола или оскудно облечена. Мајката на две деца заработува дури и до 90.000 долари месечно со објавување на содржина на која коси трева или е топлес во градината.

Но, покрај тоа што обожава да се „споделува“ себеси, неодамна наиде на нова страст со која е „опседната“ – споделување на нејзиниот 10-годишен сопруг Хенк со други жени.

„Всушност не можам да се наситам“, рече таа во видеото. „Да ми кажеше некој пред 12 месеци дека ќе го делам мојот сопруг со повеќе жени, немаше да верувам“.

 

Хани сподели дека сето тоа било нејзина идеја. Нејзиниот сопруг работи со рударство и често патува за работа – но помага со нејзината содржина секогаш кога е дома.

„Смешната работа во тоа е дека јас сум опседната – мојот сопруг мисли дека тоа е кул, но ништо посебно. Сигурна сум дека уживам во девојките повеќе од мојот сопруг. Очигледно ги снимаме нашите активности и имавме такви што не сме ги снимиле затоа што сме само ние во нашиот елемент – но повеќето од нив ги снимаме, што е навистина кул затоа што можеме потоа да ги гледаме“

 

Спиењето со други луѓе првично била идеја за подобрување на нивната „секси“ содржина, но брзо еволуирало во нешто во кое уживаат и надвор од камерата.

„Ние не се сметаме себеси за полигами, нашата врска е наша, освен за неколку случајни дрски ноќи или кога работиме“, рече таа.

 

Хани цврсто рече дека таа е поттикнувачот во делењето на сопругот, а Хенк е среќен што има можност да го прави тоа. Па мислам, нормално за Хенк.

„За сите што велат дека ќе ме остави за некоја подобра. Именувајте некоја подобра. Наведете друга жена која би му дозволила на својот сопруг да ги прави овие забавни работи и да ужива во тоа“, рече таа.

 

 

Мајката изјави дека работи помеѓу 10 и 14 часа од понеделник до петок, но со задоволство се труди да работи затоа што го сака она што го работи и тоа ѝ дава слобода да поминува време со своите деца.

„Да ја водам фармата, да бидам мајка, да го оставам Хенк да работи и да водам бизнис на OnlyFans, тоа е многу – па каде што можам, навистина се трудам да помогнам“, рече Хани.

Многумина не веруваа дека Хани е искрена за чувствата што нејзиниот сопруг спие со други жени.

„Можете да ја слушнете болката во нејзиниот глас, таа знае дека бракот не е реален“, рече еден.

„Треба да ги вратиме тајните, во ред е да чувате некои работи за себе“, коментира една жена.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *