„Имам 41 година и си купив евтина куќа во Сицилија, бидејќи не можев да си дозволам куќа во Атланта. Еве зошто сакам да се пензионирам во Италија и му го посакувам секому истото!“

Стефани Синклер беше на своето животно патување во 2012 година кога за првпат го посетила местото што ќе стане нејзин втор дом.

Синклер влегла во новата ера, откако ја напуштила 10-годишната корпоративна маркетинг кариера за да стане консултант и да работи за себе. „Знаев дека е време да ја напуштам корпоративната Америка кога ми беше мачно од луѓето кои ми кажуваа кога да направам пауза за ручек“, вели таа.

Започнувањето на сопствен консултантски бизнис значеше дека Синклер може да работи од каде било, вклучително и додека патува низ светот.

Таа ги барала најевтините летови за нејзиното прво патување надвор од земјата – „Тоа беше Палермо, Сицилија, и така завршив подоцна овде“, вели таа за „CNBC Make It“. За авионски билет од околу 250 долари, Синклер тргнала на Сицилија со нејзиниот тогаш 6-годишен син Кејден.
„Јас знаев уште од моментот кога слетав дека ми се допаѓа овде, и тоа беше речиси како дома за мене“.

Синклер, која живее во Атланта, ја направила Сицилија свој дом далеку од дома во 2022 година кога купила куќа таму за 59.000 евра или околу 62.000 долари.

 

 

 

Заљубување во Сицилија

Ако ветувањето за добра храна и убави глетки ја привлекоа Синклер на Сицилија, пријателството од локалното население беше тоа што ја натера да остане.

Тоа го почувствувала првпат кога пристигнала на Сицилија и го направила „кардиналниот грев“ односно дремнала по слетувањето, вели таа. Таа се разбудила среде градската сиеста, кога многу продавници и ресторани се затворени попладне. Синклер се сеќава дека талкала по улиците со Кејден барајќи место за јадење, кога наишла на жена која не зборува англиски.

Дури и преку јазичната бариера, жената ја препознала потребата на Синклер. „Таа ме фати за едната рака, а за другата рака го фати моето мало бебе и не носеше до продавницата од која штотуку замина“, вели Синклер. „Се чувствував како тоа да е една од најгостопримливите работи што некој може да ги направи, наместо само да ме остави да бидам изгубена на улиците на Сицилија“.

Тие соседски интеракции ја мотивираа Синклер да поминува повеќе време на Сицилија. Таа смета дека знае повеќе за нејзините соседи во Сицилија отколку што некогаш знаела за нејзините соседи во САД.

Друга добредојдена разлика е сицилијанскиот пристап кон слободното време, таа вели: „Мојата омилена работа за живеење во Сицилија е што всушност можеш да живееш. Сметам дека во Соединетите Држави, за мене повеќе животот е фокусиран на работа. И така, овде можам навистина да се опуштам и да поминувам време правејќи работи што сакам да ги правам“.

 

 

 

Купување дом во странство

Како и многу Американци, Синклер сериозно започнала да размислува за купување дом во почетокот на пандемијата кога хипотекарните стапки паднале во текот на 2020 година. Но, не поминало долго време пред да пораснат цените на куќите.

„Почнав да барам надвор од земјата само она што беше достапно“, вели Синклер. „Навистина беше повеќе само љубопитност, само гледање. Не мислам дека во тој момент знаев дека тоа всушност ќе доведе до купување на имот“.
Еден ден, таа видела порака во група на „Фејсбук“ за американските иселеници во Европа, каде што едно лице споменало евтини куќи за продажба на Сицилија. Така таа дознала за Мусомели, сицилијанскиот град кој стана вирален бидејќи таму се продаваа распаднатите домови за 1 евро.

Синклер почнала да бара куќи во септември 2021 година и ја нашла нејзината во ноември и ја купила до март 2022 година. Вкупниот износ за нејзината куќа со три спални соби, две бањи, од 4.000 квадратни метри е 59.000 евра или приближно 62.000 долари.

Од октомври, Синклер има околу 14.000 долари заштеда, 33.000 долари во „Roth IRA“ и 950.000 долари на брокерска сметка.

 

 

Гледање кон иднината

Синклер планира да се пензионира во Италија. Откако Кејден, сега 17, ќе заврши средно училиште, таа ќе поминува повеќе време во странство. Таа на крајот сака Италија да стане нејзина резиденција во иднина, каде што ќе може да ужива во пониските трошоци за живот и да искористи повеќе можности за патување низ Европа.

„Ако се пензионирав во Соединетите Држави, ќе ми требаат најмалку 2,5 милиони долари за удобно да се пензионирам. Земајќи ја предвид денешната инфлација“.

„Но, со пензионирањето овде на Сицилија, ми требаат само околу 450.000 долари“, продолжува таа. „И ако сакам да живеам овде и да живеам живот со редовно јадење надвор, патување, шопинг итн., ми требаат само околу 18.000 долари годишно, а тоа ќе биде во ред со преостанатите пари“.

  • Stanka напиша:

    Pametno zosto mora da se vrzuvame da ziveeme vo mesto kade sme rodeni zivotot e kratok zivejgo jako sto si posakuvas

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *