Во Барселона му е украден од рака часовник на турист вреден 450.000 долари- крадците побегнале на електрични скутери
Полицијата трага по крадците кои украле часовник на турист „Ричард Мил“ од 450.000 долари во најскапата улица во Барселона. Крадците користеле електричен скутер за да избегаат од местото на настанот откако го собрале дизајнерскиот часовник од зглобот на нивната жртва.

Шокантното злосторство се случило во Пасео де Грасија, една од главните авении на градот и најважните трговски и деловни области. Се смета за најскапата улица во Барселона и во Шпанија и дом на бутици кои припаѓаат на национални и меѓународни модни куќи како „Loewe“ и „Шанел“.
Полициски извори велат дека еден од крадците го грабнал часовникот и со електричен скутер му го предал на соучесникот. Националноста на жртвата не е откриена.
Портпаролот на регионалната каталонска полиција Мосос д’Ескудра денеска потврди: „Истрагата е во тек. Сеуште не се уапсени“.
Обезбедувањето на Барселона е во центарот на вниманието во последните години и стана познато како една од најомилените дестинации на професионалните крадци на часовници. Во март 25-годишен канадски турист почина, откако падна од мост во Барселона, во инцидент за кој се верува дека е поврзан со обид за кражба. Туристот ја загубил борбата за живот откако бил итно пренесен во болница со сериозни повреди на главата. Првичните локални извештаи во тоа време тврдеа дека полицијата верувала дека неговите напаѓачи можеби го фрлиле од мостот за време на борба, откако тој се спротивставил на нивните обиди да го ограбат. Но, потоа се покажа дека тој можеби скокнал со погрешно верување дека може да стигне на безбедно по фатална погрешна пресметка за падот од речиси 20 метри.

Тениската ѕвезда Григор Димитров исто така стана жртва на бандите крадци. На 31-годишниот Бугарин му го украдоа часовникот од 65.000 долари во автомобилот додека се враќал од тренинг пред турнирот „Барселона опен Банк Сабадел“.
Во јули минатата година во Барселона беше формирана специјализирана полициска група за да се справи со проблемот со насилните кражби на часовници.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно