102 годишна бабичка имаше две желби за нејзиниот роденден- гол СТРИПТИЗЕР и да оди во црква: „Ние од домот ѝ го овозможивме тоа“
Машки стриптизер изигра стриптиз точка за 102-годишна жена, којашто живее во дом за стари лица во Дурам.
Моника Рудик имала две желби за големиот ден: стриптизер и да ја посети локалната црква. Вработените во домот и приредиле забава на Моника и и обезбедиле голема роденденска торта.
Стриптизетот, Адам Прајс, доброволно се пријавил бидејќи неговата сопруга работи во домот.
Тој рече: „Очигледно ѝ се допаѓа маж во униформа. Мило ми е што и го разубавив денот“.
Моника, по потекло од Волсингем во Дурам, живеела извонреден живот, од работа во менза за време на Втората светска војна до престој во манастир 25 години.
Џилијан Хана, еден од членовите на персоналот, рече: „Моника живее толку жив и разновиден живот. И покрај тоа што никогаш не се омажила или немала свои деца, животот на Моника е посветен на грижата за другите. Таа неуморно работела во војната во менза и поминала 25 години помагајќи им на калуѓерките во манастир. Моника е жив сведок на историјата, откако видела четири кралеви и една кралица на тронот на нејзината земја“.
Нејзиното неверојатно патување е поттикнато од духот на издржливост и уникатна животна филозофија – да се живее во потполност, опкружена со љубовта и поддршката од семејството и пријателите. Таа цврсто верува дека смеењето е задолжително во животот.
Џилијан додала: „Интеретно, Моника се пензионираше на 62-годишна возраст, но ја продолжи улогата на старател, грижејќи се за нејзиниот брат до неговата 92-та година. Дури и на 90 години, таа покажа непоколеблива сила и љубов. Моника се пресели во „West Lodge Care Home“ на импресивна 101-годишна возраст.
„Моника сакаше роденденска прослава што ќе го спои неочекуваното – стриптизер за нејзината дрска страна и посета на црквата за да ја прослави радоста на животот“.
Коментирај анонимно