31-годишен маж дијагностициран со терминален рак вели дека можел да се спаси ако не се правел јак маж и не ги игнорирал знаците

Лијам Грифитс од Мидлсброу во март почнал да страда од оток на стомакот, хроничен запек, грчеви и повраќање.

Но, поранешниот работник на нафтена платформа, кој се опиша себеси како „најздравиот човек на светот“ и тренирал секој ден, решил да не прави голема работа од тоа и да биде јак бидејќи бил самовработен и му требале парите.

Но симптомите на Лијам на крајот станале неиздржливи и тој отишол во болница, каде му бил дијагностициран Кронова болест, а подоцна и рак на перитонеумот. Тој правел операција, но лекарите му рекле дека операцијата е неуспешна и дека ракот му е терминален.

 

Сега тој се помирува со својот перитонеален карцином во четврта фаза, редок вид кој влијае на тенок слој ткиво што ја обложува внатрешноста на абдоменот.

Почетните симптоми вклучуваат отечен стомак, абдоминална болка, запек, дијареа, гадење, надуеност и губење на апетит.

Дискутирајќи за неговата борба со болеста, Лијам рече: „Тоа што не се проверив порано е најголемата грешка што некогаш сум ја направил. Тие открија дека мојот рак во третата фаза е напреднат – но ако отидев на време можеби ќе можеа да направат нешто. Ми требаа пари и го направив тоа што мислев дека треба да направи еден маж. Да биде јак“.

 

Кога конечно отишол во болница со неговите симптоми, му било кажано дека најверојатно има Кронова болест, воспалителна болест на цревата. Но, следниот месец добил повик од лекарите кои го замолиле веднаш да дојде во болница. Тогаш лекарите му рекле дека има рак на перитонеумот и дека ќе му треба хемотерапија.

„Штом рекоа да ја донесам мајка ми Сузан, знаев. Не се ни сеќавам на патувањето во болница. Се сеќавам дека прашав како ќе изгледа мојот животен век и мојот лекар рече дека не сака да ми даде временска рамка за тоа кога би можел да ми заврши животот, бидејќи не сака целиот живот да го фокусирам околу тоа“

„Бев најздравиот човек на светот. Тренирав секој ден, но сега не можам ни да одам по скалите без да се потам. Буквално го живеам најлошиот тип на живот што сум можел да го замислам. Тоа е ужасно“ – рече тој.

 

Иако имал многу авантури планирани на својата листа, вклучително и пливање со ајкули, скијање и вежбање Tough Mudder, поради брзото опаѓање на неговото здравје, тој морал да ги промени своите планови.

„Морам да изберам работи што ми дозволуваат да седнам, бидејќи физички нема да можам да ги правам работите што првично сакав. Мислам дека мајка ми сака да планира патување со воз. Само сакам да се уверам дека ги имаме заедно тие клучни спомени пред да морам да одам. тој рече.

Хомотерапискиот третман повеќе не работи за Лијам и тој сега плаќа за приватно лекување, скенирање и лекови во обид да го продолжи животот.

Лијам сака неговата терминална дијагноза на рак да се користи како лекција за другите мажи да престанат да ги игнорираат нивните симптоми и да се проверат.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *