Џеф Безос предлага зголемување на човечката популација од моменталните 8 милијарди до 1000 милијарди: „Така ќе имаме по 1000 Моцарти и 1000 Ајнштајни!“
Основачот на „Blue Origin“, Џеф Безос, ја претстави својата визија за иднината на човештвото кое го населува Сончевиот систем.
Во ексклузивното интервју со Лекс Фридман, познатиот претприемач Џеф Безос ја сподели својата визија за иднината во која милијарди луѓе живеат во огромни вселенски станици.
„Колонизацијата на вселената е клучен елемент на нашиот долгорочен опстанок и развој на цивилизацијата“, рече милијардерот во интервјуто.
Безос ја изрази својата желба да види трилион луѓе населени во Сончевиот систем. Според него, таквата популација ќе стане извор на нераскажани таленти и потенцијал.
„Би сакал да видам трилион луѓе кои живеат во Сончевиот систем“, рече тој. „Да имавме трилион луѓе, во секое време ќе имавме 1000 Моцарти и 1000 Ајнштајн“.
„Гигантските вселенски станици се единствениот начин да се постигне оваа цел“, рече тој, нагласувајќи дека планетарните површини се едноставно премногу ограничени за толку многу жители.
Безос тврди дека во иднина Земјата би можела да стане нешто како туристичка дестинација за луѓето кои пристигнуваат од станиците. Сепак, милијардерот Илон Маск, кој има за цел да колонизира други планети, пред се Марс, не се согласува со оваа визија.
Од тие 8 милијарди, само ТОП-10 држави во светот имаат 4,6 милијарди!!!
Кина 1,425,441,896 Индиа 1,434,697,700 Бразил 216,422,446 УСА 334,994,511 Индонезија 277,534,122 Пакистан 240,485,658 Нигерија 223,804,632 Бангладеш 172,954,319 Русија 144,444,359 Мексико 128,455,567
Вкупно: 4.599.235.210
Коментирај анонимно