„Ја кажувам оваа контроверзна реченица на мажите на состаноци и тие сакаат веднаш да се омажат за мене“

Марина Нојман бара љубов и сака да се омажи, но таа не го кажува баш тоа на нејзините состаноци.

Наместо тоа, таа им кажува на мажите што ѝ се допаѓаат дека никогаш нема да се омажи за нив. И на нејзино изненадување, мажите секогаш изгледаат позаинтересирани и пожелни отколку што се на почетокот на состанокот.

26-годишната девојка од Мајами ја научила контроверзната тактика откако ја гледала Памела во документарниот филм на Нетфликс „Памела, љубовна приказна“

„Во документарен филм, Памела Андерсон рече дека ако сакате да гарантирате дека ќе се омажите за некого, кажете му дека никогаш нема да се омажите за него и ќе се омажите за шест месеци. Таа има право бидејќи во последните два месеци бев на неколку состаноци каде што едноставно дечкото не беше многу заинтерсиран. Значи како што ќе кажам: „Ти си прекрасен, јас си поминав одлично. Но јас навистина не сакам брак во овој момент и не гледам дека ние ќе станемен нешто сериозно“, нивниот однос кон мене се менува. Отфрлањето му прави нешто на нивниот мозок“

 

Русокосата убавица изјави како е од витално значење нејзиниот иден сопруг да ја препознае нејзината вредност уште од првиот ден. Таа, исто така се надева дека другите жени ќе ја разберат и ценат нивната сопствена вредност.

„Верувам дека е многу важно жените никогаш да не се плашат да се оддалечат од некој што не ги цени“ – рече таа.

 

Видеото оттогаш надмина повеќе од 1,3 милиони прегледи и многумина се согласија со неа, додека други се шегуваа.

„Тие не можат да издржат да слушнат дека не се квалификувани за работата,“ напиша една жена.

„Мажите сакаат предизвик“

„Ми се допаѓа како ова не е манипулација, тоа е буквално само искреност, но потоа тие самите манипулираат“.

„Ми предложија брак повеќе од десетина пати. Колку помалку правите толку повеќе тие сакаат. Јас секогаш сум со една нога надвор од вратата и тие го знаат тоа“.

Други рекоа дека им биле запросувани повеќе пати и дека се венчале порано од предвиденото.

„Вистина. Му кажав на сопругот да излегува со други луѓе. Се венчавме пет месеци подоцна“.

„Отсекогаш знаев дека не сакам брак или деца. Секогаш им давав до знаење на момците. Ми предложија брак 5 пати“

  • Ljube напиша:

    Abe aj ne pisete gluposti….nema smisla nikakva…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *