„Како од 6 години во затвор стигнав до сопственик на ресторан кој носи преку 1 милион долари годишно“

Али Елреда ја пресече лентата на неговиот ресторан Fatima’s Grill во 2016 година, три години по завршувањето на шестгодишната затворска казна поради обвинение за дрога. Минатата година, локацијата со седиште во Дауни, Калифорнија донесе повеќе од 1 милион долари приход, продавајќи спој на мексиканска и либанска кујна во привлечен стил, подготвен за Инстаграм. Fatima’s Grill, исто така, има локации на франшиза во областа Лос Анџелес, Бруклин, Њујорк и Дентон, Тексас – и Елреда вели дека работи на отворање повеќе низ САД и Канада.

Па ајде да видиме како Али успеал да го направи сето тоа.

„Сакав да ги спојам најдобрите работи. Кој не би сакал медитеранска и мексиканска храна“. – вели Али.

Скролајте надолу за целото видео

„Живееме поинаку од Американците. Се молиме 5 пати на ден, не јадеме свинско, не пиеме алкохол. Но, сепак тука сме добредојдени. Јас бев некој што секогаш влегуваше во проблеми, дури и бев бркан од училиште. Сакав да одам на училиште затоа што така ги гледав пријателите секој ден, но едноставно учењето не беше за мене“.

Во 2007 Али бил осуден за дистрибуција на кокаин. Ги поминал следните 6 години во и надвор од затвор.

„Се срамев затоа што доаѓањето од муслиманско американско семејство тоа не е нешто што ние смееме да си го „дозволиме“. Во затвор обично бираш што сакаш да работиш, дали сакаш да переш алишта, да работиш во кујна и слично. Па јас ја избрав кујната, затоа што секогаш и низ дома обожавав да работам во кујна“.

Така Али почнал да готви за затворениците.

„Лекциите кои ги учиш во затвор остануваат со тебе за цел живот. Затоа што секогаш ќе се сеќавам на времето кога подготвувавме големи нарачки, кетеринг нарачки. Колку брзо треба да се подготвува, целата организација. Сакаш да нахраниш 15, 20 или 30 луѓе, па мораш да го забрзаш процесот за да постигнеш се. Тие лекции навистина се исплатеа затоа што ме подготвија за вистинскиот живот“.

Во 2011 Али почнал да прави помага со штандот за храна на братучед му во Калифорнија. А во 2012 го преземал тој да го работи. Но единствената работа што се служела тогаш било тако. Па од тако стигнало до бурито, па до кесадиља и така успеале да направат мало мени и да се разработат.

По четири години Али се решил дека му е потребен поголем простор и друга локација. И така еден ден возејќи наишол на еден простор што се издава. Го контактирал сопственикот и останатото е историја.

И Али го именувал ресторанот по неговата ќерка Фатима која му е се на светот и сега таа помага во подготовката на рецепти.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *