Јапонски уметник создава „Land Cruiser 70“ од полистиренска пена! Верувале или не, двајца се доволни за да го кренат

„Land Rover“ се здружи со јапонскиот уметник Масуми Јамагучи за да создаде извонредно уметничко дело за да го прослави враќањето на иконскиот теренец „Land Cruiser 70“ на пазарот.

 

 

Масуми Јамагучи го искористи својот талент како скулптор за да создаде „Land Cruiser 70“ во вистинска големина направен од пена. Ова уметничко дело е впечатливо по својата леснотија: и покрај неговата импресивна големина и надворешна сложеност, теренецот тежи толку малку што двајца луѓе лесно можат да го подигнат.
Целиот автомобил, од каросеријата до гумите, е направен од полистиренска пена. Уметникот ги доведе своите вештини до совршенство, пресоздавајќи ги и најмалите детали. Масуми Јамагучи го насликал секој детал, создавајќи илузија на вистинско возило. Нерефлективно стакло и необична мат боја му даваат на „Land Cruiser 70“ препознатлив изглед.

 

 

Според уметникот, целиот процес на создавање на моделот бил вистински предизвик, но резултатот вредел. Рекреираниот „Land Cruiser 70“ е толку реален што повеќето набљудувачи, гледајќи го од далечина, не можеа да поверуваат дека не е вистински теренец.

 

  • Cvetko напиша:

    Колку што знам Ланд Крузер го произведува Тојота, а не Ланд Ровер.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *