„Лута сум на моето момче што отиде во сауна со неговата братучетка и другарките и седеа голи – но тој мисли дека не направил ништо лошо“

Една жена се згрозила кога нејзиното момче отишло во сауна со неговата братучетка и нејзините пријателки- но тој не го гледа проблемот во своите постапки. Мислела дека е „чудно“ што нејзиниот партнер ди во сауна со други голи жени кога неа ја нема, и била „конкретно згрозена“ од помислата дека тој е гол покрај неговата братучетка.

30-годишниот маж ја сподели својата страна од приказната на „Редит“, каде ги бранеше своите постапки и тврдеше дека неговата девојка „претерувала“. Тој објасни дека сите засегнати се Германци и дека живеат во Германија – каде што е „нормално“ да се оди гол во сауна.

 

 

 

„Пред една недела бев на одмор со неколку пријатели и братучеди, но мојата девојка (28) не дојде затоа што беше болна. Во неколку вечери сите заедно одевме во сауна – очигледно сосема голи“.
Тој продолжи: „Кога се вратив дома и и кажав на мојата девојка за патувањето и ја спомнав сауната. Таа се изнервира и ми рече дека мисли дека е чудно од мене да одам во сауна со други жени кога таа не е наоколу“.

Човекот објаснил дека сауната е уникатен амбиент и дека инаку „никогаш“ не би бил гол околу семејството или пријателите.

Тој рече: „Таа и претходно ми кажа дека не сака да одам во сауна со други девојки, а јас и реков дека мислам дека претерува и дека не одам сам со девојки – туку со сите заедно. Мојата девојка мисли дека е чудно да не сакаш да не ги гледаш членовите на твоето семејство голи. Таа рече дека на оваа возраст не видела ниту еден од нејзините машки братучеди или браќа голи и дека би ѝ било непријатно да ги види нивните интимни делови“.

Тој исто така откри дека девојката нема проблеми со тоа што оди на лекар или гледа филмови за возрасни – но и било непријатно поради фактот што тој лично ги познавал жените што ги гледал голи.

„Претходно одевме во унисекс сауна со пријателите, со двајца машки пријатели и нивните девојки. Таа рече дека тогаш не се чувствувала толку непријатно бидејќи била таму и дека е пријателка со девојките и знае дека тие имаат момчиња“.
Многумина се согласија со човекот и не го видоа проблемот со неговите постапки.

 

 

 

„Страшно е што таа го сексуализира тоа“, рече еден. „Но, исто така, дури и ако тоа не бевте семејството, ако таа не ви верува, тогаш тоа е нејзиниот проблем и таа треба да погледне како да се справи со тоа“.
Друг додаде: „Тоа е навистина културна работа. Да одиш гол во сауна со другарките во Германија е исто како да одиш на кафе. На мојата екскурзија на универзитетот отидовме во сауна со нашите професори и сите студенти и студентки заедно. Да, можете да седите гол до вашите пријатели студенти и професори и само да разговарате за денот. Ако размислувате несоодветно, вие сте проблемот“.

Но, други го критикуваа за „непочитување“ на „разумната“ граница.

„Почитувајте ги границите на вашата девојка – ако таа не сака да гледате други голи жени, тоа е сосема разбирливо. Ако мојот дечко некогаш направи нешто вакво, 100 отсто би раскинала со него“, напишала една жена.

„Дури и како некој од Германија, не би сакал моето момче да го прави тоа и не сакам да се разголувам со моите машки пријатели“, рече друга жена.

Што мислите вие?

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *