„ТикТок го уништи мојот сопруг со кој сум во брак 12 години – сега тој сака да бидам „традиционала сопруга“ и се разведуваме“
Вознемирена сопруга се огласи на Редит за да открие дека апликацијата за социјалните мрежи целосно го променила карактерот на нејзиниот сопруг, предизвикувајќи крај на 12-годишната заедница.
Анонимната жена, на 37-годишна возраст, рече дека таа и нејзиниот сопруг биле навидум среќни заедно пред тој да стане зависен на видеата на ТикТок.
„tradwife“ или „традиционална сопруга“ – се однесува на жена која гордо ја одбегнала кариерата во корист на домашните обврски, како што се готвење, чистење и одгледување деца. Тие веруваат дека работењето на жената го уништува семејството и се трудат да ги задоволат сите потреби на мажот кој секојдневно оди на работа.
На ТикТок, хаштагот „tradwife“ достигна неверојатни 296,5 милиони прегледи и направи неочекувани ѕвезди од неколку жени кои го покажуваат својот среќен домашен живот. Но, никогаш не треба да заборавиме дека не е се како што изгледа на социјалните мрежи.

Во својата објава на Редит, жената што се разведува објасни дека нејзиниот сопруг почнал да ги гледа видеата претходно оваа година.
„Ние не бевме традиционална двојка“, објасни таа. „И двајцата работиме, двајцата ги делиме задолженијата и грижата за децата. Тој се немаше пожалено на тоа. Но, околу март оваа година, тој почна да се однесува чудно. Тој се пожали на тоа како изгледам. Се пожали на храната. Се пожали дека работам долго време. Јас работам исто како и тој. Во текот на нашиот брак, тој никогаш немаше поплаки за храната што ја готвам. Се облекувам во поудобна облека кога сум дома. Тој никогаш немал проблем со тоа“.
Уништената сопруга дознала дека нејзиниот сопружник почнал да се опседнува со една одредена „традиционална сопруга“ ТикТокерка, која таа не сака да ја именува.
„Нејзиниот изглед на содржината е измислен и не е реален за мене, бидејќи беше 100% направен за машката публика“, изјави таа. „Му реков дека сето тоа е чин што таа го прави за светот да го види. Ова не е реалност. Плус никој не си ја чисти куќата облечен во убави фустани. Фустаните ќе се извалкаат. Но тој не застана тука, почна да ме споредува со сите тие жени и дури дојде да ми рече да ја напуштам кариерата за да бидам дома со нашите ќерки“.
„Тој знаеше дека не сум тип на жена што сака да биде домаќинка. Тој немаше проблем со тоа. Се обидов да му кажам да престане да гледа ваков тип на содржина. Навистина ме боли тоа што би идолизирал друга жена наместо неговата сопруга“.

Шокантно, таа тврди дека нејзиниот сопруг вербално ја навредил за прв пат во нивниот брак и инсистирал да биде „покорна“ сопруга.
„Бракот продолжи да се распаѓа, а последната капка беше кога дознав дека разговарал со друга жена на Интернет. Тој не се ни срамеше, ниту пак чувствуваше каење. Тој ми рече дека заслужува подобро“.
Читателите се собраа во делот за коментари за да понудат сочувство и поддршка за жената, додека се спротивставија на корозивните ефекти на ТикТок.
„Се надевам дека твоето срце ќе заздрави и ќе продолжиш понатаму“, напишал еден добронамерник. „Нека му е со среќа да ја издржува својата нова невработена девојка, додека тој сè уште плаќа за сè за што сте придонеле претходно“.
„Нека научи на потешкиот начин дека не може да си дозволи жена трофеј. Пред да го започне новиот живот, има финансиски обврски кон сегашниот живот и децата. Може да умре обидувајќи се да го задржи тој површен начин на живот“.
„Ако не мислите дека 95% од Тикток се измислени, вие сте глупави“, удри трет, удирајќи по сопругот. „Шансите тој да сфати што направил за некое време се многу големи“.

Коментирај анонимно