„Мојата девојка доби подарок од нејзиниот машки колега и мислам дека е несоодветен, а таа ми се изнасмеа во фаца“

Некои велат дека пријателството меѓу мажите и жените навистина постои, додека други тврдат дека тоа е лага.

Па што мислите за ова пријателство? Слободниот Мајкл изгледа премногу возбуден за својата пријателка?

„Јас и девојка ми сме заедно веќе 2 години. Никогаш не сме имале некои големи расправии и секогаш се поддржуваме и почитуваме. Но, едно нешто што се случи ме остави малку несигурен за како да се справам со тоа.

Мојата девојка има машки најдобар другар Мајкл. Го разбирам и го почитувам нивното долго пријателство. Во ред сум со фактот дека некогаш поминуваат време заедно (не само кога се на работа), но некогаш не можам да си помогнам а да не се чувствувам малку љубоморен.

Пред некое време девојка ми доби подарок од Мајкл за нејзиниот роденден. Тој ѝ прати црвени рози, кутија полна со чоколатца во облик на срце и честитка на која пишуваше „Многу ми значиш. Ти си мојата сродна душа“.

Јас мислам дека ја премина границата овојпат. Го имам ова чувство дека тој е заљубен во мојата девојка. Тој нема девојка и секогаш е и повеќе од возбуден кога се договараат за дружење. После подароков сум искрено загрижен.

Ѝ кажав искрено на девојка ми дека мислам дека овој подарок е несоодветен. Таа ми се изнасмеа и ми рече дека тој ѝ е само пријател и дека претерувам со реакцијата.

Не знам како да се чувствувам. Љубоморен сум и не мислам дека овој подарок е нешто што „само пријател“ би го подарил. Можеше да ѝ купи некој пар кул чорапи, чоколадо, среќен роденден честитка. Но, тој сето тоа го направи на некој романтичен начин“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *