Возете внимателно! Низ цело Скопје се поставуваат камери кои те сликаат ако возиш над дозволеното и казната ти стигнува дома!?
Ќе пристигаат ли казни за сообраќајни прекршоци на домашна адреса?
Поставувањето на нови камери во главниот град Скопје ги разбранува социјалните мрежи. Корисниците пишуваат дека камерите се функционални од денеска и се користат за санкционирање на сообраќајни прекршоци.
На прашањата дали се планира воведување на казни за брзо возење, поминување на црвено светло и слични сообраќајни прекршоци кои се регистрирани од овие камери, од Министерството велат дека тие сè уште се поставуваат во рамките на проектот „Безбеден град” и дека откако сите предвидени ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци.
Потенцираат и дека камерите сè уште не се во функција.
По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од Министерството.
„Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност, рече Спасовски.
Коментирај анонимно