Неверојатна фарма за планински чај, на која што природното и квалитетот се на прво место
Чаевите од високите планински места се познати по покомплексен вкус, помалку горчина и повеќе сладост. Сепак не е лесно да се одгледува чај на високи места. Со зголемувањето на надморската височина, воздухот станува постуден, почвата е покарпеста, а има помалку достапна дождовница заради падот на земјиштето. Чајот во Тајван се смета за еден од најдобриот во светот затоа што се одгледува на фарми на планини почнувајќи од 700 метри па се до 2.800 метри надморска височина.
Височината на која расте јачот го определува секој аспект на неговиот квалитет. Фасцинантно е да се види како луѓето работат на овие фарми. Тие го пренесуваат чајот со помош на мотори со кои се движат низ тесните патеки кои се граничат со огромни провалии, а некои од нив и се качуваат по планините. Луѓето велат дека овој бизнис вреди затоа што така е и повисока цената на самиот чај.