На шампионот во „Формула 1“, Макс Верстапен, не му беше дозволено да изнајми моќно возило од фирма за изнајмување во Португалија, затоа што бил многу МЛАД
На Макс Верстапен му беше скратена шансата да изнајми автомобил „Мерцедес“ на одмор, бидејќи го сметале за премногу млад.
Светскиот шампион во „Формула 1“ е навикнат да се трка со високотехнолошки машини со брзина поголема од 300 километри на час, но не можеше да се качи зад воланот на „AMG GT“. Верстапен (26) сакаше да го земе моторот, кој има максимална брзина од 240 километри на час, за да се шета околу патиштата во Португалија.
Но, фирмата за изнајмување автомобили „Sixt“ го одби неговото барање и откри дека ако му се дозволи да го земе автомобилот би ја прекршило нивната полиса за осигурување бидејќи тој е под 30 години.
Суперѕвездата на мотоспортот Верстапен и група негови пријатели и семејство минатата недела полетаа во Алгарве во Португалија со три приватни авиони, според „The Sun“. Групата изнајмила околу 20 автомобили од „Сикст“ на аеродромот „Фаро“, а исто така ја резервирале патеката „Autodromo Internacional do Algarve“ на два дена.
Наместо тоа, Верстапен беше принуден да се задоволи со помалку моќниот „BMW“ Серија 5.
„Тој е искусен Ф1 возач кој е навикнат да управува со моќни болиди, па затоа е сосема зачудувачки да се мисли дека не му било дозволено да седне зад воланот на овој“, изјави извор близок до Макс.
„Но, тоа се правилата, па тој ги почитуваше“.
„BMW“-то на Верстапен има максимална брзина од 250 километри на час, бројка што е бледа во споредба со 313 километри на час што може да ги достигне врвниот „Mercedes AMG GT“.
Неговиот менаџер Рејмонд Вермулен можеше да го вози „Мерцедесот“.
Портпаролот на „Sixt“ рече: „Вработените на нашиот партнер за франшиза во Португалија ги следеа само правилата што произлегуваат од осигурителни причини. Со цел да се најде решение погодно за клиентите на лице место, на г. Верстапен му беше дадено уште едно премиум возило. Сепак, може да има посебни околности кои оправдуваат отстапување од правилата. Ова е таков случај. Му се извинуваме на г-дин Верстапен. Тој може да го изнајми автомобилот што го сака од нас во секое време. Се разбира, воопшто нема сомнеж за неговите возачки способности и неговото искуство со моќни автомобили“.
Коментирај анонимно