„Невестата ни побара да платиме 65 долари за да присуствуваме на свадбата… Но, тоа не е сѐ, погледнете колку ќе чини ако сакате да јадете и да преноќите таму“
За оваа идна невеста, денот на нејзината венчавка ќе значи удвојување на парите.
Жена им наплатила на семејството и пријателите минимална такса од 65 долари за да присуствуваат на нејзината свадба. Стратегијата за наплата на анонимната невеста беше откриена од човек на „Редит“ кој праша дали е погрешно да се очекува гостите да ги покријат трошоците за свадбата.

„Една од моите најблиски пријателки се омажи и им наплаќа на гостите да присуствуваат на свадбата“, напиша тој. „Отсекогаш знаев дека е скржава, така што на некој начин не сум изненаден“.
Корисникот на „Редит“ тврдеше дека ја добил поканата по пошта, за која биле потребни 65 долари ако одговорите „да“. Поканетиот додаде дека гостите кои сакаат да јадат на свадбата ќе бидат принудени да издвојат дополнителни пари. И, ако сакаат да преноќат на местото на настанот, ќе им се наплатат дополнителни 100 долари.
Со вклучен подарок, човекот рече дека очекуваат венчавката да ги чини повеќе од 400 долари.

„Работата е во тоа што ЗНАМ дека имаат пари“. „Таа невестата наследи многу пари од нејзината баба, тие имаат куќа, нејзиниот вереник е инженер, имаат брод и моментално ја реновираат својата куќа. Исто така, се сомневам дека тие навистина можат да си дозволат и реновирање и венчавка, но веројатно само се обидуваат да играат паметно и да ги натераат гостите да придонесат затоа што, како што реков, отсекогаш знаев дека таа е скржава“, изјави пријателот.
Невестата беше нападната во делот за коментари на „Редит“, при што мнозинството читатели рекоа дека нема да присуствуваат на свадбата поради тоа што изгледа како да е се за пари.
„Прашајте ја дали може да дојдете ако си донесете вечера сами“ напиша еден. „Ова е многу повеќе од незгодно и невкусно. Се надевам дека ќе зажали поради тоа“.
„Би го испратил моето жалење и моите честитки и тоа е тоа“, се согласи друг.

Коментирај анонимно