Животот на малата Лили добил неочекуван пресврт: Била пронајдена покрај автопат, а сега го слави својот 24-ти роденден како „Најстарото куче на светот“
Мелезот Лили го прослави својот роденден во домот на своето семејство, во близина на Неапол, на Нова година.
Нејзиното семејство ѝ направило специјална торта на која е испишан бројот 112, што е нејзината еквивалентна возраст во човечки години. Таа била пронајдена покрај автопат близу Сицилија.


Нејзината сопственичка, вдовицата Ана Кутрупи, вели дека Лили е луда по риба, а исто така ужива во конзервирано месо.
„Лили ми е како ќерка и успева да направи да не се чувствувам сама, особено по загубата на мојот сопруг“, изјави таа.
Ана рече дека иако нејзините три деца, Роко, Аусилија и Роберта, сите имаат свои семејства и животи, секој пат кога зборуваат на телефон, „пред било што друго ме прашуваат како е кучето“.
„Лили сега е дел од нашето семејство и сите ја разгалуваат“, додаде Ана.

Таа рече дека ја направила тортата за Лили бидејќи достигнувањето на нејзината возраст било „достигнување што заслужува да се слави соодветно“.
Вообичаено се верува дека годините на кучето може да се пресметаат со земање на бројот на човечки години за кои живеел и множејќи ги со седум. Но, ветеринарите го отфрлија тоа тврдење и дојдоа до подобар начин за пресметување на возраста на кучињата. Првата година од животот на кучето е еквивалентна на 15 години, додека втората е 24, со оглед на тоа како кучињата стареат и се развиваат во првите неколку години.
После тоа, за секоја човечка година во која живеат треба да се додадат четири години.
Како куче кое било пронајдено како мало кученце во 2000 година, Лили ќе има 112 години во човечки години.
=



Коментирај анонимно