Тие се толку „full“ што ако сакате да го пробате ова јадење можеби ќе треба да чекате и 4 години: Паб во Велика Британија ги распродаде своите маси за престојната 2024 година за само 2 часа!

Паб што го продава најпопуларното неделно јадење во Британија е распродадено за цела 2024 година за само два часа -и пабот штотуку ја исчисти својата огромна листа на чекање од четири години.

 

 

 

Малата таверна „Бенк“ во Бристол е најтешкиот ресторан за резервација.

Лоциран на улицата „Џон“ од 1800-тите, пабот повторно ги отвори резервациите за својот познат неделен ручек, откако минатата година ја исчисти четиригодишната листа на чекање. Отвори места за маси во 10 часот на Нова Година и сите датуми за претстојаната година беа пополнети до пладнето. Пабот, скриен во центарот на градот, има само седум маси со простор за најмногу 40 гости.

 

 

 

Споделувајќи ја веста на „Инстаграм“, тимот на таверната рече: „Масите се распродадоа побрзо отколку што можевме да замислиме“.
Подоцна напишаа: „Ние сме неверојатно благодарни на сите што нè поддржуваат и сакаат да дојдат да го пробаат нашето печење во недела. Не очекувавме резервациите да се распродадат толку брзо како денес!“

 

 

„Ако некој друг ја откаже нивната маса, таа автоматски ќе стане достапна. Ви благодариме на сите за континуираната љубов кон нашето мало место. Среќна Нова година!“

Таверната мораше да престане да прави нови резервации во 2019 година, откако ги освои месечните награди за храна „Observer 2019“ – претворајќи ја шестмесечната листа на чекање на четири години, бидејќи побарувачката стана преголема.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *