„Мојот сопруг ме изневеруваше со мајка ми – и тоа не е ни најлошото“

„Ова е приказна за тоа како дознав дека мојот сопруг и мајка ми имаат афера “, откри дизајнерката на ентериер Ласи Џејн, од Индијанаполис, Индија.

Таа објасни дека аферата се случила пред 14 години, кратко време откако таа ја родила својата ќерка и била погодена со тешки здравствени проблеми.

„Мајка ми тој период живееше со нас. Но, по неколку месеци, таа заврши со изнајмување куќа што беше како блок подалеку од нас…“.

Скролајте надолу за видеа

Ласи призна дека се сомневала дека има нешто меѓу нив двајца. Зголемената загриженост предизвикала жестока расправија со нејзиниот сопруг што ги натерало да се разделат. Тој се преселил во куќата кај мајка ѝ, а мајка ѝ се преселила кај Џејн и новороденчето.

„Додека таа живееше со мене, почнавме да се зближуваме. Таа дури почна да ми кажува за сите афери на мојот сопруг, кога ме изневерувал со сите овие различни жени. И ме натера да ветам дека нема да му кажам дека го слушнав тоа од неа“,

Но, на крајот Џејн била премногу бесна за да држи во себе.

„Влегов во мојот автомобил, брзо излегов од таму и отидов да му се спротивставам. Реков: „Еј, мајка ми рече дека ме изневеруваш цело време. И ме погледна во очи и ми рече: „Па, зошто таа не ти каже што правевме јас и таа“.

 

Скршената Џејн веднаш се вратила дома за да ја испраша нејзината мајка, која побледела од вина.

„Излегов од мојот автомобил и реков: „Ми треба да ги спакуваш куферите и да те нема од мојата куќа“, а мајка ми постојано глумеше дека не знае што е работата. Во нејзината состојба на паника, таа рече: „Твојата баба знаеше за сето ова, и јас ќе ѝ се јавам… ќе видиш, ќе видиш. А јас само ладнокрвно ѝ возвратив „Знаеш ти што си направила“.

 

Нејзината мајка на крајот признала дека некогаш се држела за рака со нејзиниот сопруг, но негирала дека некогаш се впуштила во целосна афера. Но за Џејн не беше тоа најлошото…

„Цело ова време, моите баба и дедо – кои се како мојот свет, кои беа тука за мене целиот мој живот кога никој друг не беше – знаеја дека тој и мајка ми барем се држат за рака… и никој не ми кажа“.

„Мајка ми се обиде да ми ја одземе куќата. Сега сум самохрана мајка со здравствени проблеми, без работа, без кариера, ништо“.

Но за среќа подоцна Џејн објави видео во кое работите одат на подобро.

„Почнав непрофитна организација, каде што градиме мали домови за самохрани мајки. Тоа е она што го започна сето ова… поради предавството, немањето дом, мојата безбедносна мрежа беше распарчена, и немав никого за поддршка. Неверојатните работи можат да излезат од ужасни работи“, рече Џејн.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Dimche напиша:

    Ednostavno deckoto proucuvase od kade izleze negovata devojka i kako majkata reagirala koga se slucuvalo toa.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *