Еве како 7 тинејџери биле прогласени за мртви, а потоа оживеале откако нивниот брод се превртел во ледено езеро
Преживеаните Катрин и Каспер тргнале на патување во 2011 година, каде заедно со група други деца се качиле на брод во дански фјорд.
Водата била само два степени Целзиусови, а децата биле стотици метри од копното, кога нивниот брод се превртел и сите завршиле во водата.
Во документарецот „Life after death: How seven kids came back from the dead“ (Животот по смртта: Како седум деца се вратија од мртвите) преживеаните зборуваат за тоа како болничарите успеале да ја вратат групата во живот откако нивните срца престанале да чукаат со „загревање на нивната крв“.
Катрин, која во моментот на инцидентот имала 16 години, се расплакала кога се вратила во фјордот за документарецот и се присетила на застрашувачкиот инцидент. „Се сеќавам сега. Беше толку замрзнато – беше многу студено. Имаше мраз на водата.“, вели таа.
Откако паднале во водата професорот им кажал дека морале да пливаат за да преживеат. Каспер не знаел да плива, но иако се обиделе да му помогнат студената вода предизвикала неговото срце да престане да чука, што значи дека тој бил клинички мртов.
Катрин, која сега е во средината на 20-тите години, успеала да излезе на брегот иако се изгубила во шумата наоколу и мислела дека ќе умре. За среќа Катрин забележала спасител и почнала да вреска.
До моментот кога медицинските лица пристигнале, седум од децата кои паднале во водата веќе биле мртви повеќе од два часа. Децата биле префрлени во болница и биле студени како мраз, а нивните срца не чукале.
Екстремната хипотермија што ги стопирала срцата на децата, исто така го забавила нивниот метаболизам, што значи дека нивните органи започнале да работат кога се загревале. Лекарите имале за цел да ја загреат крвта еден степен на 10 минути и чудесно, шест часа по несреќата, сите срца на децата почнале повторно да чукаат.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.