„Навистина се заљубив во мојот „sugar daddy“. Тој е 32 години постар од мене, но е дефинитивно љубовта на мојот живот!“

Австралиска двојка со 32 години разлика меѓу нив се отвори за реалноста дека се во врска со разлика во возраста. Кога Скарлет (24) почнала да разговара со Скот (56) онлајн во 2019 година, таа никогаш не замислувала дека тој ќе биде љубовта на нејзиниот живот.

 

 

 

Младата жена објаснила дека во тоа време била во лоша состојба со менталното здравје и била осамена, што ја натерало да бара пријателство на веб-страницата „Sugar Daddy“. Она што започнало како пријателство брзо прераснало во романса откако сфатиле колку имаат заедничко и колку лесно течеле нивните разговори.
Четири години потоа, парот сега е посреќен од кога било во посветена врска и велат дека и покрај нивната 32-годишна разлика во возраста, тоа е најдобрата врска што ја доживеале.

 

 

 

„Искрено никогаш не помислив да излегувам со некој толку постар. Првично, беше навистина возбудливо поместувањето на границите и табуата, но начинот на кој Скот се однесуваше со мене направи да се чувствувам толку посебно. Ценев што имаше трпение да ме слуша и сакаше да ми помогне да пораснам. Се чинеше дека љубовта еден кон друг процвета природно“.

Скот, кој поминал низ три разводи во минатото, има деца кои се постари од Скарлет и на почетокот се чувствувал малку несигурен дали ќе биде привлечен од некој толку помлад. Сепак, тој набрзо сфатил дека животот е премногу краток за да се грижи што мислат другите.
„Имавме неколку случаи кога луѓето мислеа дека Скарлет е моја ќерка“, објасни тој.

 

 

Скарлет, родена во 1999 година и Скот, роден во 1967 година, сакаат да излегуваат заедно и велат дека и двајцата отсекогаш го сакале „традиционалниот“ начин на живот.

„Имаме исти вредности“, рече тој.

„И двајцата сакаме традиционален начин на живот, каде што мажот е снабдувач, а сопругата останува дома и изгледа убаво и се грижи за децата, во нашиот случај тоа се нашите крзнени бебиња (животните)“.

„На крајот на денот, годините се само бројка“, додаде Скарлет.

„Се додека јас сум среќна, и тој е среќен, и двајцата сме двајца возрасни кои се согласуваат, не треба да е важно какви се нашите години. Работиме напорно за да функционира нашата врска. Скот ми покажа што е безусловна љубов и почит и ми покажа дека ми е важен“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *