Наставничка по математика е осудена дека силувала 16 годишен нејзин ученик, додека ги терала другите ученици да гледаат- и тоа не е сѐ…

Атрактивна професорка по математика од Мисури е уапсена во Тексас и обвинета за непримерна врска со 16-годишен средношколец.

Хејли Нишел Клифтон-Кармак (26) од Вејнсвил, беше уапсена од полицискиот оддел Гарден Риџ во петокот во округот Комал. Сексуалните напади наводно се случиле во округот Пуласки во Мисури, на околу 1200 километри оддалеченост од местото каде што таа била уапсена од полицајците.

 

 

 

Во дополнителен пресврт на случајот, таткото на тинејџерот исто така е обвинет за загрозување на благосостојбата на детето, откако се тврди дека знаел дека неговиот син е во врска со наставничката. Судските документи наведуваат дека тинејџерот и наставничката имале секс за време на училиште и користеле други ученици како „воајери“.
Ученик се појавил и им покажал фотографии на полицијата од својот соученик со гребнатини на грбот. Тинејџерот рекол дека гребаниците биле од Клифтон-Кармак, откако имал секс со наставничката.

 

 

 

Клифтон-Кармак, која има две свои мали ќерки, неодамна се развела од Ченс Кармак, борец за мешани боречки вештини, кој има завршено основна обука во Армијата на САД.

Детективите ја посетиле училишната област на 8 декември за да разговараат со наставничката и и го зеле телефонот, но додека полицијата не добила налог да го анализира, тие не можеле да видат никакви инкриминирачки пораки. Во тоа време, Клифтон-Кармак негирала дека има каква било врска со кој било ученик од училиштето.

 

 

 

Откако добиле налог, полицијата пронашла СМС пораки кои се однесуваат на наводната врска со 16-годишното момче.
Ученикот кој се огласи да ја пријави врската рекол дека наставничката е „премногу пријателски расположена со учениците и понекогаш се облекува несоодветно на училиште“. Според судските документи, Клифтон-Кармак често носела „тесни или деколтирани кошули“ за да ги покаже своите облини. Таа, исто така, носела тесни хеланки кои „го покажуваат нејзиното тело“ и честопати би била прекорувана од управата на училиштето дека е „премногу блиска со учениците“.

 

 

Клифтон-Кармак го напуштила Мисури за да оди во Тексас за да го посети семејството околу 23 декември. Клифтон-Кармак беше уапсена во петокот откако побегна од Мисури за Тексас.

Наставничката била уапсена „без инциденти“ и задржана во затворот во округот Комал. Таа била обвинета за сексуален контакт со ученик, законско силување од втор степен, загрозување на благосостојбата на дете и малтретирање деца / повеќе од четири години постара од жртва на возраст под 17 години.
Таткото на тинејџерот Меј, исто така, се соочува со обвиненија, откако се тврди дека знаел за наводната врска на неговиот син со наставничката.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *