Манекенка потрошила 100.000 долари за совршено тело и лице, но ако целта ѝ била да личи на Мајкл Џексон тогаш успеала

Со помош на пластични хирурзи, Ана Еспинола има направено низа естетски процедури, вклучувајќи три рунди ринопластика и пет пати зголемување на градите. Но, тоа сепак не е доволно, според парагвајскиот фитнес модел, кој вели дека просторот на социјалните мрежи станува се позаситен.

Во краткиот документарец на YouTube каналот Truly, 23-годишната девојка рече дека нема грди жени, само жени кои не сакаат да инвестираат во себе.

Ана вели дека нејзината работа за убавина започнала со нејзините гради.

„Латините треба да бидат заводливи, нели? Не е дека немав гради, туку гледам дека други имаат поголеми, па сакав и јас да ги имам“.

Сепак има нешто кое што се вика и претерување со работите, па сега во носот личи на Мајкл Џексон. Дали е тоа привилегија или не, ќе ви каже таа.

„Јас навистина не сум навредена затоа што навистина ми се допаѓа Мајкл Џексон“, рече таа.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *