Бившиот ѝ испратил порака на бившата ден пред неговата свадба, а таа го имаше најдобриот одговор

Секоја година се одржуваат приближно 2.401.148 свадби. Иако веројатноста невестите или младоженците да посегнат по бившиот партнер на овој многу посебен ден не е вообичаена, тоа и се случи на една девојка. Еден ден пред венчавката на нејзиното поранешно момче, таа доби долга порака која дефинитивно не би ја очекувале од некој поранешен.

„Утре се женам. Сакав да ти ја испратам оваа порака. (Мојата вереница знае дека ти го испраќам ова.) Ти благодарам што беше мојата прва љубов. Ти благодарам што секогаш ме охрабруваше, ти благодарам што ме чуваше од неволја, ти благодарам за моментите што се грижеше за мене кога бев болен и депресивен. Благодарам што ме сакаше. Ако веќе не си, се надевам дека еден ден ќе најдеш љубов. Ако ме сакаше толку многу кога бевме млади, можам само да замислам колку е силна и моќна твојата љубов сега. Начинот на кој е направено твоето срце, тоа е неверојатно. Знам дека бевме само деца кога се состанувавме, но ти ме научи што е љубов.
На човекот кој има среќа да те има за жена се надевам дека ќе се однесува со тебе внимателно, се надевам дека знае кого има пред себе, се надевам дека ќе ти покажува љубов и лојалност секој ден. Ти го заслужуваш тоа и повеќе. Мојата поента во сето ова е, ти си причината зошто знам да сакам некого. Ти ме научи на љубов, ме научи како да се справам со мојот гнев, како да се справам со мојата депресија и како да го живеам животот во потполност и јас сум ти благодарен. Ти посакувам љубов и среќа“.

 

 

Откако ја добила оваа порака, жената му одговорила на својот поранешен , споделувајќи дека ја расплакал.

„Ме расплака
Прво, честитки за сите убави благослови. Ти благодарам што беше тука за мене кога ми требаше. Ти благодарам за твоите убави зборови. Јас сум толку неверојатно горда на тебе, што и да наумиш успеваш да го направиш.
Среќна сум што ја најде жената со која сакате засекогаш. Среќна сум што си среќен. Ти си неверојатен татко за својата ќерка. Твојата вереница има толку убава душа, а ти имаш толку убава ќерка. Повторно, честитки за вашиот брак, ви посакувам вам и на вашето прекрасно семејство ништо друго освен убави благослови“.

 

Па дефинитивно ваков разговор од двајца бивши не очекувавме.

 

  • Oliver напиша:

    Kako se zapnal bratov trebalo i na majkai sto ja rodila tatkoi sto ja naprail , zabeagana rabota koga e kraj e kraj

  • Venom напиша:

    Mislam sosema normalno I korektno odnesuvanje na dvajca kulturni luge,mozam da kazam RESPECT ❤️❤️❤️

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *