Дајте друго дете: Во Кина младоженецот се навреди поради грдата невеста која му ја избрале роднините
Кинез бил навреден од членовите на семејството затоа што му избрале грда невеста. Човекот не успеал сам да си најде животна сопатничка бидејќи нема стабилни приходи. Многу девојки одбиле да стапат во врска со него поради ниските примања, а уште повеќе не сакале да се омажат за него.
Затоа, роднините на Кинезот решиле сами да му најдат невеста затоа што нели „време му е“. Сепак, изборот на членовите на семејството не му се допаднал на младоженецот. Тој не ја смета девојката привлечна и изгледал вознемирено во текот на целата свадбена церемонија. Роднините, соочени со осуда, почнале да вршат притисок врз човекот и да го убедуваат дека го направил вистинскиот избор. „Подобро е отколку да си сам. Барем и двајцата можете да работите за подобра иднина и да не се грижите што ќе кажат другите“, велат тие.
Номална женска од Косово 🤣
Коментирај анонимно