Овој човек одлучил да ги покани најпознатите луѓе на светот на својата венчавка и сподели што му одговориле
Кој не би сакал да има добро позната личност да им присуствува на свадбената церемонија? Но, сите знаеме, дека ако не сте многу добро поврзани или барем многу среќни, веројатно нема да ја видите вашата омилена позната личност таму, без разлика колку и да се трудите да ги поканите. Но, тоа не значи дека не можете да пробате! Којзнае, можеби дури и ќе ви одговорат!
Тоа е нешто што Луис Бам, 37-годишен маж од Кејп Таун, Јужна Африка, реши да го испроба. Тој испратил стотици покани за венчавки до омилените познати личности и политичари на него и неговата сопруга и многумина од нив одвоија време да одговорат! Тој после толку години одлучи да сподели со светот што направил и на кој начин му одговориле познатите личности, или барем нивните секретарки и асистенти.
Излезе, дека има многу добра причина зошто Луис го сторил ова. Очигледно, тој дошол до оваа идеја да ја изненади својата сопруга Естел со добри желби од некои од познатите луѓе на кои и двајцата им се воодушевуваат. Луис добил 50 повратни писма со желби и честитки, но и одбивање на поканата затоа што нели овие луѓе имаат „попаметна работа“.
Еве неколку од писмата кои ги добиле Луис и неговата сопруга:
Џорџ Буш
„Ви честитаме и на двајцата на овој прекрасен ден. Вашиот брак е прослава на вашата љубов и посветеност еден на друг. Нека оваа длабока и значајна врска ви овозможи сила и пријателство во идните години. Лора и јас ви ги испраќаме најдобрите желби за заедничка доживотна среќа.“
Џон Траволта
Принцот Вилијам и принцот Хари
„Нивните височества се трогнати што помисливте да ги поканите, сепак поради претходни обврски во тој период се плашам дека никој од кралските височества нема да може да присуствува…“
Кралицата Елизабета
„Кралицата посака да ви пишам и да и се заблагодарам на г-ца Естел Детмер за добронамерната покана на вашата венчавка на 12 март…“
Нелсон Мандела
„Жалиме што ве информираме дека г-дин Мандела нема да биде во можност да ја испочитува вашата покана. Како што знаете г-дин Мандела го најави своето пензионирање во 2004…“
Гордон Рамзи
Принц Чарлс
Хајди Клум
Бил Клинтон
Роман Абрамович