Свечени фустани на ливада и маски на лицето? Како американските матурантки си ја прославија матурата?

Матурската прослава секој човек ја чека долго време и ја памети цел живот, но оваа година короната уништи сѐ. Ако во некои европски земји карантинските мерки се прилично релаксирани, САД е сѐ уште далеку од тоа и сите масовни настани се забранети. Единствено што можеа да направат матурантките, кои за секој случај си се подготвиле со фустани, беше да си направат по некоја фотографија за спомен.