Каков вкус имаат веганските „пилешки“ крилца и колку се ЗДРАВИ во споредба со вистинските и зошто сѐ повеќе го преплавуваат пазарот?

Веганските имитации на популарните меса доаѓаат се побрзо на пазарот, а тоа го докажуваат и новите крилца. Направени од лондонската фирма „This“, крилцата се служат во баровите „BrewDog“ низ цел „Veganuary“(вегански јануари) во Велика Британија.

 

 

 

Лажното „месо“ е направено од соја и протеин од грашок со додавање на маслиново масло за да бидат сочни и вкусни како вистинското пилешко.  Во меѓувреме, надворешноста е направена од алги за да се повтори вкусната крцкавост на длабоко пржената кожа. Но, каков е всушност нивниот вкус?
„This“ се веќе одговорни за бројни замени за месо од растително потекло, како што се колбаси, сланина и мелено говедско месо што можеби сте ги виделе во супермаркетите. За разлика од повеќето растителни „пилешки“ меса на пазарот кои реплицираат бело месо, ова е првиот производ што реплицира потемни парчиња месо како крилца и бутови, според компанијата.

 

 

Општо земено, темното месо има различна текстура и подлабок вкус во споредба со белото месо и полесно се распаѓа во устата. Но, реплицирањето на месото од пилешки крилца вклучува двегодишна работа во „This“, како и три тајни технологии кои чекаат на патент.

„Пилешките крилца имаат сложена тродимензионална структура во која протеинските влакна се врзани заедно со мрежа од сврзно ткиво и интрамускулна маст“, ​​вели Лук Бирн, директор за истражување и развој во „This“.

„Оваа структура дава сочност и неверојатна текстура кога се јаде – што сега можевме да го имитираме. Нашите крилца се обликуваат од протеинот од соја и грашок во пакети од мускулни влакна, распрснувајќи меѓусебно маснотии базирани на маслиново масло. Потоа ги премачкуваме во хиперреалистична пилешка кожа за да ја повториме уникатната структура, текстура и хранлив профил на пилешкото“.

Она што навистина ги прави толку вкусни е сосот, но зарем истото може да се каже и за вистинските пилешки крилца?

 

 

Овие крилца се  „ниски со заситени масти, богати со протеини и се добар извор на влакна“, но нивото на сол и микропластика во нив нема никогаш да биде поздраво од вистинско месо. Затоа не секогаш веганската опција е поздрава од месната, како што и докажаа неколку истражувања во претходните години. Имитациите на меса се повеќе го преплавуваат пазарот поради трендот на веганска исхрана, но тоа не секогаш може да ви направи повеќе добро отколку лошо.

  • 😂ВРЗМЕНКО😂 напиша:

    Што барате да сте вегани а храната да ви личи на вкусно парче месо….. Ц Ц Ц

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *