„На мојата свекрва не ѝ се допадна супата, па ѝ ја истурив на глава – маж ми бара да ѝ се извинам, но јас мислам дека си заслужи со тоа што го направи“
Свекрвите се како лотарија – никогаш не знаете дали ќе добиете добра или лоша. Па така и оваа снаа, која можеби од кога ќе ја прочитате приказната ќе ја поддржувате?
„Мојот свекор и свекрва се уште не можат да ја заборават бившата жена, Саманта, на мојот сопруг. Дури и од кога јас и маж ми се земавме тие продолжија да ми кажуваат колку е таа прекрасна. Свекрва ми постојано ме споредува со неа и се разбира јас сум секогаш полошата.
Секој пат кога ќе се видиме со нив не можат а да не спомнат дека Саманта готви поубаво од мене, дека нејзините шеги се посмешни за разлика од моите и дека таа е поубава од мене.
Искрено веќе не можам да ги слушам и само ги игнорирам и се правам дека не постојат. Зборував со маж ми за тоа но тој вели дека ќе престанат наскоро. Но, јас се сомневам.

Еднаш дојдоа за вечера кај нас дома. Направив супа и навистина сакав да биде поубава од таа на Саманта. Овој пат сакав да биде совршена и едвај чекав да пробаат од супата. Прво свекрва ми не ни сакаше да ја проба, затоа што мирисала чудно. Ја убедив некако да проба и со тешка душа прифати.
Одеднаш се згрози и ја плукна супата во чинијата. Се почувствував многу повредено. Ја правев супата со голем мерак за таа само да ја плукне! Па застанав, ја земав чинијата и ѝ ја истурив супата врз глава. Таа врискаше од бес и веднаш си заминаа. Мојот сопруг бара од мене да ѝ се извинам, но јас не сакам. Всушност беше навистина супер момент и се чувствував убаво“.
Совети како да се справите

- „Можеби беше одличен момент за тебе, но тоа е непријатно за твојот сопруг и твојот свекор. Ако сакате повторно да имате добар однос со вашиот сопруг, размислете да и се извините на неговата мајка. Можеби тоа ќе ви биде моментот да зборувате и да објасните колку ве боли кога ќе ве споредат со поранешната сопруга на вашиот сопруг“.
- „Вашата свекрва е возрасна жена. Вашиот живот и вашите одлуки не треба да се вртат околу нивното расположение и желби. Ако тие не сакаат да најдат компромис, без разлика што правите, престанете да се обидувате. Тоа нема да води никаде и само негативно ќе влијае на вашата благосостојба. Ако вашиот сопруг ги игнорира, можеби и вие треба“.
- „Кажете му на вашиот сопруг дека не се чувствувате пријатно во близина на неговото семејство. Веројатно знае зошто, па нема да биде изненадувачки за него. Ако е прослава, предложете да славите на друго место, а не дома со нив“.

- „Луѓето се различни, а исто така и нивните мислења. Не можете да контролирате што мислат вашите свекор и свекрва за вас и не можете да ги натерате да размислуваат поинаку, освен ако сами не го сменат мислењето. Не е невообичаено луѓето да имаат тешки односи со свекрвите. Затоа, ако вашиот брак ви значи многу, сметајте ја вашата свекрва како мала нуспојава. Во брак сте со сопругот, а не со неа и на крајот се работи за односот помеѓу вас двајца“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно