„Ја замолив девојката со којашто излегов на прв состанок да ја поделиме сметката, а таа побесне. Побеснеа и илјадници други, а не знам зошто“

Еден човек поттикна жестока дебата откако инсистирал да ја подели сметката со неговиот „дејт“ од „Тиндер“.

Мажот од Мајами, Флорида, ја замолил жената да излезат на вечера за првиот состанок – но таа не била задоволна кога тој ја натерал да плати половина од оброкот.

 

 

Додека тајно ја снимал средбата во ресторанот, се гледа како жената ја фрла својата кредитна картичка и прашува: „Зошто ја делиме сметката?“
На што тој одговора: „Па, мислам дека ни е прв состанок, па мислев дека можеби треба да поделиме на половина“.

Непријатниот разговор беше споделен на „TikTok“ и остави илјадници луѓе бесни, поради тоа што жени се согласија дека мажот требало да ја плати сметката.
Видеото вклучува снимка снимена подоцна од парот како жестоко се расправаат во автомобилот.

 

@thewaterboy

I dont even know her and she wanted to split the bill??? After SHE ordered an appetizer that i didnt want!! THIS is what its like dating in MIAMI smh. I gotta move somewhere else, these girls are ENTITLED.

♬ original sound – Water Boy

 

„Не ми се верува дека ме натера да ја поделиме сметката“, рекла жената, на што мажот одговара: „Мислам, си порачала мезе што не го ни допрев… зошто мислиш дека треба?“
Но, таа брзо го прекинува и вели: „Добро, но ти ме праша да излеземе“.

Видеото оттогаш е прегледано неверојатни 6,2 милиони пати и предизвика жестока расправија во коментарите.

Едно лице го охрабри човекот да „биде господин“ и да ја плати целата сметка на следните состаноци, при што многумина се согласија.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Васе напиша:

    Поминаа времињата кога мажите ги земаа жените од дома со кола, па плаќаа сметки и ги враќаа дома! Сега жените „се еманципираа“! Што тоа значи? Скоро сите се вработени, имаат стан, кола (бараат тато да им купи)!? Се забавуваат до 45 година и не сакаат обврски (читај да се мажат и деца да имаат! Бидејќи долго време се сингл, во град излегуваа повеќе другарки со такси. Сега секоја излегува сама со кола (и се враќа сама). Башка, сега жените се СИЛНИ, тие ги земаат дечковците од дома, им плаќаат сметки и ги враќаат дома! Поради јаките жени, мажите станаа слаби! Башка, се појави и 3 пол кој е во борба за своите права! Бидејќи запад ни е узор, ќе биде полошо!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *