Ако не го направи ова за вас, значи не ве сака: Дечко е уапсен затоа што се облекол како женско и отишол да полага испит наместо девојка му

Мислевте дека препишување на тестот е екстремно? 26-годишен дечко по име Ангрез Синг е уапсен откако се маскирал во својата девојка за да може да полага испит наместо неа, како што се гледа на фотографиите на интернет.

„Тој се обиде да влезе во салата за испит менувајќи го својот изглед“, изјави портпаролот на полицијата, Маној Кумар.

Синг се обидел да полага тест за регрутирање на својата девојка Парамџит Каур (34) во јавното училиште ДАВ во Коткапура Пенџаб претходно овој месец. Парамџит, претходно паднала на испитот, кој е предуслов да стане здравствен работник.

За да ги измами службениците на тестот, Синг се избричил, се нашминкал и пред да влезе во просторијата за полагање се пресоблекол во женска облека.

Тој дури ги фалсификувал книшката за полагање на девојка му и личната карта.

 

Но, за жал не успеал во измамата.

На службените лица на испитот им станало сомнително откако забележале дека неговото лице не се совпаѓа со сликата на Каур на формуларот за апликација. Измамникот потоа бил уапсен поради неговата тактика на мамење.

Полицијата, исто така, ја обвини Каур за заговор со нејзиното момче бидејќи верувале дека тој не би можел да ја спроведе измамата без нејзина согласност и можна помош.

Двојката во моментов се соочува со повеќе обвиненија, додека полицијата оттогаш започна истрага за тоа како Синг успеал да ги фалсификува документите. На крајот, властите сметаа дека бизарниот случај е пример на луѓе што прават се за љубов.

„Човек може да преземе таков ризик само за својата девојка“, рече еден полицаец.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *