„На мене и другарка ми ни забранија да се качиме во авион, затоа што стјуардесата се навредила од нашите кратки здолништа“
Една згодна мајка се згрозила кога ѝ рекле дека не може да се качи на авион со нејзината пријателка, освен ако и двете не ја променат својата облека.
Карли, која објавува онлајн како @kittykudi888, пристигнала на аеродромот во Детроит со нејзината пријателка подготвена да отпатува за Њујорк со економичен лет на „Делта ерлајнс“.
Тие носеле кратки портокалови маици и соодветни мини здолништа.
Меѓутоа, кога стигнале до капијата за да се качат, на двојката наводно им било кажано дека ќе мора да се преоблечат за да се качат. Во видеото, кое собра повеќе од 12.000 лајкови, се гледа дека тие се смеат заедно додека движат низ аеродромот.

„Кога за малку ќе ве избркаат од летот затоа што стјуардесата била „навредена“ од вашата облека“, се вели во клипот.
Карли тврди дека таа и нејзината пријателка купиле „слатки“ соодветни облеки за нивните родендени, но персоналот на авиокомпанијата се спротивставил на тоа колку кожа откриле.

Коментирај анонимно