Патувајте низ пустината Сахара на една од најекстремните железници во светот

„Тешко е да се заборави патувањето под ѕвезденото небо низ пустината Сахара. Чувството дека вашиот живот зависи исклучиво од возот кога сте на стотици километри од најблиското село. Тишината на пустината кога возот застанува, и заглушувачкиот татнеж кога тргнува. Јадењето топла храна подготвена од овчарите во возот. Видов стотици овци и кози врз автомобилите натоварени со железна руда“.

Ова се само дел од незаборавните моменти кои Миколас Јуоделе ги памети од возењето на товарен воз во пустината Сахара за време на едно од најекстремните железнички патувања во светот.

 

 

Мавританската железница се протега по целата граница со Западна Сахара, поврзувајќи го пристаништето Нуадибу со рударскиот град Зуерате. Тоа е економската артерија на Мавританија и остаток од нејзиното колонијално минато. Изградена во 60-тите од Французите и преземена од SNIM (Националната рударска и индустриска компанија) во 1974 година, железницата работи речиси половина век, неуморно транспортира железна руда и бидејќи нема патна врска меѓу двата градови, има и луѓе кои патуваат од Нуадибу до Зуерате и назад со оваа железница.

Со должина од 2,5 километри, се вели дека е и еден од најдолгите возови во светот. За група мавритански мажи, транспортот на храна и овци е нивна работа со полно работно време. Тие патуваат меѓу рудниците и пристаништето неколку пати неделно, поднесувајќи напорно 16-часовно патување низ песочни бури, екстремно топли денови и горчливо студени ноќи.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *