10 кратки вицови за долго смеење
Имате околу 40? Сакате сите да се восхитуваат на вашиот младешки изглед?
Кажувајте дека сте 60…
– – – – – –
Две баби продаваат на тезги на зелено пазарче една до друга. Едната ѝ расправа н другата:
– Да ти кажам Митро, најлошо нешто за доматите во фолија е ако ти падне бумеранг внатре. Тоа нема исфрлување!
– – – – – –
Ако на крајот на работниот ден си со 82% батерија на телефонот, веднаш давај отказ! Те експлотираат како роб!
– – – – – –
Мајстор за телевизори оди во еден стан и ја прашува жената:
– Кој го скрши телевизорот?
– Мажот ми. Јас фрлив една чинија, а тој се наведна…
– – – – – –
Седат на кафе маж и жена, стари пријатели. Мажот:
– Мариче, што мислиш за с*ксот?
– Зоки, имам 5 деца, одвај најдов време да излезам од дома, немам време за теории…
– – – – – –
Невестата се правела невина до првата брачна ноќ и наредното утро му вели на сопругот:
– Драги, требало да станеш анестезиолог. Ништо не осетив!
– – – – – –
Дедо ми постојано ми ја повторуваше оваа мудрост „Вистина е само она што ќе го осетиш во устата и меѓу нозете, се друго е лага“.
– – – – – –
Додека ти собираш храброст да му пишеш, друга веќе му прави кафе – гола…
– – – – – –
– 2 часа пржиш, 2 минути јадеш! Што е тоа?
– Тиквички!
– – – – – –
Ако петелот беше главниот, куќата немаше да му се вика кокошарник.